Таг: загинати повредени
таг: загинати повредени
Од почетокот на руската агресија, во Украина биле погодени над 22.000 цивилни објекти
Од 24 февруари како почеток на руската агресија врз Украина до денес, руските сили погодиле над 22.000 цивилни објекти низ целата земја, информираше првиот заменик-министер за внатрешни работи на Украина, Јевхениј Јенин, пренесува Укринформ. Руските сили оштетиле или уништиле само околу 300 воени објекти во изминатиов период.
Јенин вели дека руските ракети летаат над нуклеарни централи и хемиски фабрики, како...
Русија гранатира пристаништа и градови во Украина, има загинати и повредени лица
Градови и села во Харкивскиот, Днипропетровскиот, Донецкиот и Миколаивскиот регион се гранатирани од руските сили во текот на изминатово деноноќие, при што има загинати и повредени лица. Во руското ракетирање на градот Краматорск во Донецкиот регион загинаа три лица, пренесува Гардијан.
Како последица на рускиот ракетен напад на населеното место Змијив во Харкивскиот регион, тројца цивили биле повредени, јавува Укринформ....
Во руското гранатирање на Никопол загинаа најмалку 13 лица
Во синоќешното гранатирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион загинаа најмалку 13 лица, а најмалку 11 цивили се повредени, јавува Укринформ. Погодени се станбени населби во градот, лоциран од десната страна на реката Дњепар. Руските сили, кои се наоѓаат на левата страна на реката во регионот Запорожје, истрелале 80 ракети и погодиле 20 станбени згради, административен центар, две школи,...
Уапсени руски шпиони во Украина, планирале да го убијат министерот за одбрана
Украинските власти соопштија дека уапсиле две лица кои работеле за руските разузнавачки служби и имале задача да го убијат украинскиот министер за одбрана, како и раководителот на национална служба за воено разузнавање и неименуван украински активист, пренесува Гардијан. Двете лица се веќе во притвор, а работеле за руската воено-разузнавачка агенција ГРУ. Едно од лицата било од Луганск, додека второто...
ОН бара пристап за инспектори во нуклеарната електрана во Запорожје, борбите продолжуваат
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш упати апел на меѓународните инспектори да им биде овозможен пристап во нуклеарната електрана во Запорожје, која е под руска окупација од изминатава пролет, јавува Гардијан. Гутереш изјави дека било каков напад врз нуклеарната електрана е самоубиствен чин.
Гранатирањата од двете страни во конфликтот продолжија и во изминатово деноноќие. Украинските власти информираа дека...
Британското разузнавање предупредува дека војната во Украина влегува во нова фаза на јужниот фронт
Британското разузнавање и Министерството за одбрана во најновите извештаи предупредуваат дека војната во Украина влегува во нова фаза, во која жариштето на борбените дејствија ќе се префрли од Донбас на јужниот фронт, на потегот околу реката Дњепар во регионите Херсон и Запорожје, пренесува Гардијан.
Британското Министерство за одбрана информира дека долги колони на руски камиони, тенкови, артилерија и друго оружје...
Најмалку 11 загинати лица во автобуска несреќа на автопат во Хрватска
Автобус со полски регистарски таблички излетал од автопатот А4 околу 5:40 часот утрово, при што во несреќата загинале најмалку 11 патници и 25 се потешко повредени, јавува Index.hr. Хрватската радио-телевизија пренесува дека несреќата се случила помеѓу населените места Јарек Бисашки и Подворец, а првичните сомнежи се дека возачот на автобусот заспал што довело до несреќата.
Вкупниот број на повредени лица...
Русија продолжува со гранатирањето на украински градови, загинаа најмалку четири лица
Руското гранатирање на украински градови продолжи и во текот на изминатово деноноќие, при што во нападите се регистрирани најмалку четири загинати лица. Во Донецкиот регион од ракетирањата загинаа три лица, а најмалку пет цивили се повредени, јавува Укринформ. Со ракети биле погодени градовите Бахмут, Маринка и Шевченко.
Гардијан јавува дека Русија со 55 проектили погодила три градови во регионот Суми...
Исплови првиот брод со украинско жито по руската инвазија, во Украина се гине од гранатирање
Првиот брод натоварен со украинско жито исплови од пристаништето во Одеса во правец кон Либан, јавува Гардијан. Товарниот брод кој плови под знамето на Сиера Леоне превезува 26.000 тони пченка, а украинските власти се надеваат дека прекинот на руската блокада за извоз на украинското жито ќе ѝ донесе на Украина прилив од најмалку една милијарда евра. Почетокот на извозот...
Интензивни ракетирања на украински градови, десетина лица загинаа изминатово деноноќие
Руските сили ги интензивираа ракетирањата на украинските градови во изминатово деноноќие, а бројот на загинати и повредени лица е зголемен. Во Донецкиот регион најмалку осум цивили загинаа, а 19 се повредени во нападите врз градовите Бахмут, Торецк, Орливка, Хирнук и Соледар, јавува Укринформ.
Две лица го загубија животот од морска мина во приморскиот град Коблево на Црното море. Лицата биле...
Најмалку пет загинати и 25 повредени во руски ракетен напад на градот Кропнивицки
Во рускиот ракетен напад на градот Кропнивицки во централниот дел на Украина загинаа најмалку пет лица, а 25 се повредени, јавува Би-би-си. Нападот се случил попладнево во 12:22 часот по локално време, а во нападот била погодена академијата за авијација на Универзитетот за национална авијација и хангари на авијациска компанија.
Меѓу загинатите лица во рускиот ракетен напад, едно лице е...
Зеленски тврди дека речиси 40.000 руски војници загинале во војната, борбите на терен продолжуваат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во најновото обраќање изјави дека речиси 40.000 руски војници загинале од почетокот на воената агресија во Украина на 24 февруари годинава, пренесува Гардијан. Тој додаде дека руската власт четири месеци не им обезбедува на нивните граѓани податоци за загубите на руската армија на фронтот.
„Целосен молк. Ништо не е објавено или кажано во бројните интервјуа и...
Украинските сили ги оштетија сите три моста кои водат кон окупираниот град Херсон, планираат офанзива
Американскиот Институт за проучување на војната во својот најнов извештај наведува дека украинските сили заклучно со 24 јули успеале да ги оштетат сите три моста кои водат кон окупираниот град Херсон на југот на Украина, пренесува Укринформ. Користејќи ги ракетните системи со високи перформанси ХИМАРС, украинските сили се обидуваат да ги отсечат руските сили кои се наоѓаат на западниот...
Нови ракетирања на руските сили во регионите Донецк и Днипропетровск, загинаа шест цивили
Најмалку шест цивили загинаа, а десетици се повредени во најновите ракетирања на руските сили на населени места во регионите Донецк и Днипропетровск, јавува Укринформ. Во изминатово деноноќие пет лица загинаа во гранатирањето на градовите Сиверск, Павливка и Маринка, а најмалку 10 лица биле повредени во Донецкиот регион.
Руските сили извршија и масивен ракетен напад на градовите Никопол, Криви Рих и...
Во Украина загинале 15.000 руски војници, борби се водат за втората по големина термоелектрана во земјата
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Брнс изјави дека проценките на САД се дека од почетокот на воената агресија врз Украина, Русија изгубила околу 15.000 војници, додека околу 45.000 војници биле повредени, пренесува Гардијан. Брнс додаде дека загубите и на украинска страна се големи, но најверојатно како бројка се нешто помали од руската страна.
Покрај загинати и повредени...
Русија планира да ги анектира окупираните територии во Украина по примерот на Крим
Со идентичната тактика како од 2014 година, Русија планира најрано во септември да ги анектира окупираните територии од Украина, предупреди портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби. Американските податоци велат дека анексирањето кон Русија ќе ги опфати териториите на украинските региони Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск, пренесува Гардијан.
Русија се обидува да постави сопствена власт во окупираните региони,...
Најмалку шест повредени лица во руското ракетирање на Одеса, борбите во Донецк продолжуваат
Најмалку шест цивили се повредени во руското ракетирање на регионот Одеса во текот на изминатата ноќ, јавува Укринформ. Седум ракети „Калибар“ биле истрелани од Црното море, при што погодено било село во овој регион. Три куќи биле уништени од бомбардирањето, а меѓу повредените лица е и едно дете. Оштетени се и училиште и културен центар.
Борбите продолжуваат во Донецкиот регион,...
Рускиот ракетен напад врз украинска Виница досега одзеде 23 животи, се стравува за 39 исчезнати лица
Рускиот ракетен напад врз центарот на украинскиот град Виница досега одзеде 23 животи, а меѓу загинатите се и три деца, јавува Гардијан. Украинските сили продолжуваат со потрагата по преживеани лица под урнатините на погодените згради - објект со канцелариски простор, станбена зграда, паркинг и културен центар. Десетици лица се повредени во ракетниот напад, а стравувањата на украинските власти се...
Руски ракети погодија станбена зграда и возила во украинска Виница, најмалку 20 загинати лица
Русија со ракети го гранатираше градот Виница во централниот дел на Украина, при што најмалку 20 лица загинаа, јавува Укринформ за последниот биланс на загинати лица. Јуроњуз пренесува дека во страшниот напад има околу 90 повредени лица, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше нападот како отворен акт на тероризам од Русија.
Украинските власти информираат дека три ракети „Калибар“ истрелани...
Руските сили со ракети ги погодија Миколаив и Краматорск и се обидуваат да го заземат Сиверск
Хотел и трговски центар беа погодени утрово од руското гранатирање на пристанишниот град Миколаив на Црното Море, јавува Укринформ. Објектите се наоѓаат во централното градско подрачје, а биле истрелани девет ракети од ракетен систем С-300 врз градот. Во Миколаив се погодени и две образовни институции, како и транспортна инфраструктура во градот.
Овој град на југот на земјата во изминативе денови...