fbpx
Таг: загинати повредени

таг: загинати повредени

Рускиот воен брод „Москва“ тешко оштетен, Украина тврди го погодила со ракета

Најважниот брод на руската црноморска флота, ракетниот крстосувач „Москва“ е тешко оштетен од експлозија. Украинската војска тврди дека бродот е погоден од нивна страна со ракета „Нептун“, што предизвикало сериозни оштетувања, јавува Укринформ. Руското Министерство за одбрана потврди дека бродот е оштетен, но вели дека „експлодирала муниција по претходно избиен пожар“. Екипажот на бродот е евакуиран, а рускиот извор...

Украина стравува од руски провокации во Молдавија, бројот на загинати цивили се искачи на 1.793

Руските вооружени сили може да се обидат да направат провокации од отцепениот регион Приднестровје во Молдавија и за тоа да ја обвинат Украина, предупредија денеска од украинскиот генералштаб, пренесува Би-би-си. Приднестровје е самопрогласена пара-држава која се отцепи од Молдавија и во која се стационирани руски војници изминативе три децении, а којашто се наоѓа долж границата со Украина и е...

Бројот на загинати на железничката во Краматорск се искачи на 52, Русија се спрема за напад на Харков

Над 52 загинати и 109 повредени лица е билансот од вчерашното гранатирање на железничката станица во Краматорск, јавува Укринформ. Тие ги пренесуваат информациите од Пентагон дека со руски проектил „Точка-У“ е погодена станицата, на која се наоѓале огромен број на граѓани кои чекале евакуација од овој град лоциран во Донбас. Американските извори тврдат дека Краматорск ќе биде една од главните...

Пожар во ковид болница во Солун, загина најмалку едно лице

Најмалку едно лице загина, а двајца се тешко повредени по пожар во болница во Солун во северна Грција, објави грчкиот весник Екатимерини. Пожарот избувнал нешто по 9 часот во средата во ковид одделението на вториот кат од болницата Папаниколау во пристанишниот град. Вашингтон пост објави дека противпожарната служба евакуирала 34 пациенти од ковид одделението. Четворица од евакуираните веќе биле во сериозна состојба...

ОН: Во Украина се забележани над 1.400 загинати цивили

Од почетокот на руската инвазија, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН забележала 3.455 загинати и повредени цивили во Украина. Поточно, според извештајот, загинале вкупно 1.417 цивили, од кои 293 мажи, 201 жени, 22 девојчиња и 40 момчиња, како и 59 деца и 802 возрасни лица чиј пол сè уште не е познат. Повредени се вкупно 2.038 цивили, од...

Украина успева да поврати територии источно од Киев, нова евакуација на жители од Мариупол

Украинските сили успеале да повратат градови и одбранбени позиции на 35 километри источно од Киев, коишто претходно беа окупирани од руската војска. Ова се најновите информации на британското разузнавање, за кои денеска информира весникот Гардијан. Податоците говорат дека украинските сили се обидуваат со офанзива да ја примораат руската војска да се врати назад на нејзините позиции северозападно од Киев кон...

Еден месец руска агресија: Над 10 милиони раселени, илјадници загинати лица и милијарди долари штета

На 24 февруари, Русија изврши воена инвазија врз Украина и со тоа ја започна војната што претставува најголем предизвик по мирот и безбедноста на Европа по Втората светска војна. Еден месец подоцна, руската агресија доведе до 10 милиони раселени лица од Украина, илјадници загинати војници и цивили, како и неколку милијарди долари штета врз Украина, предизвикана од руските воени...

Судбината на Мариупол му се заканува и на опколениот Чернихив, во Ирпин употребена фосфорна муниција

Покрај битката за Мариупол, слична катастрофална судбина му се заканува и на градот Чернихив на северот на земјата, којшто е опколен од руските сили. Весникот „Гардијан“ јавува дека околу 150.000 жители од овој украински град веќе неколку дена се оставени без струја, а локалните власти предупредуваат дека ги трошат и последните резерви на вода за пиење. Весникот јавува дека од...

Во Мариупол заробени 100.000 жители во ек на борбите, се трупаат нови сили на украинско-белоруската граница

Уличните борби во центарот на пристанишниот град Мариупол продолжија, додека Русија паралелно го гранатира градот. Би-би-си ја пренесува изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој наведува дека во градот се заробени околу 100.000 жители без храна, вода и греење. Во текот на вчерашниот ден 7.026 жители на Мариупол биле евакуирани од градот. Во меѓувреме, Генералштабот на вооружените сили...

Населението во Херсон во недостиг на храна и лекови, досега оштетени 139 украински болници

Има недостиг на храна и лекови и репресирање на населението од градот Херсон, којшто на почетокот од март беше окупиран од руските вооружени сили. Ова го тврди украинското Министерство за надворешни работи (МНР) во денешната изјава за хуманитарната ситуација во Херсон. „Руските окупатори ги репресираат жителите на градот. Конкретно, тие на 21 март отворија оган врз мирните демонстранти на Плоштадот...

Украина нема да се предаде во битката за Мариупол, четворица загинати во Киев

Украинските власти го одбија рускиот ултиматум за предавање на пристанишниот град Мариупол кој се наоѓа во јужниот дел на земјата кај Азовското море. Украина доби ултиматум од руската војска до три часот наутро да ги прифати условите, кои предвидуваат украинските вооружени сили да го положат оружјето и да се предадат. Во ваков случај, руското ветување е дека на цивилите...

Русија сепак потврди дека млади регрути кои не се професионални војници се борат во Украина

Руската армија вчера за првпат потврди дека млади воени регрути учествувале во воениот напад врз Украина, кој трае веќе две недели. Оваа информација ја пренесоа и светските медиуми, но изненадувачки таа пронајде простор и во руските државни медиуми. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека дел од младите регрути биле заробени од украинските сили, потврдувајќи дека млади...

Нуклеарната централа Чернобил остана без струја, врз Харков извршени над 50 напади во еден ден

Украина повика на итно примирје за да се изврши поправка на електроснабдителната мрежа, со која што би се овозможило повторно приклучување на електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил, јавува Гардијан. Укринформ информира дека нуклеарната централа Чернобил останала без напојување со струја поради акциите на руската војска, додека украинските официјални власти велат дека во моментов е невозможно да се извршат санациони...

Руски воздушен напад уништи училиште во Житомир, НАТО предупредува дека Русија користи касетни бомби

Во центарот на Житомир, град во северозападниот дел на Украина, руски воздушен напад ја уништи зградата на училиштето бр.25, соопштија украинските власти. „Беше лансиран проектил или бомба. Информациите за жртвите ќе бидат објавени подоцна. Всушност, половина од училиштето беше уништено. Спасувачките операции се во тек“, рече градоначалникот на Житомир, Серхиј Сухомлин во своето видео обраќање, пренесува Укринформ.   Градското училиште бр.25 се...

Украинци лежат пред руски воени возила пред најголемата нуклеарна централа во земјата

Најголемата нуклеарна централа во Украина е под контрола на руските сили, соопшти денеска, Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информациите добиени од Москва, пренесе Би-Би-Си. Според МААЕ, тие се повикуваат на официјално писмо од Москва, во кое до Агенцијата стигнало известување во кое се наведува дека нуклеарната централа Запорожје ја опслужува редовен персонал,...

Харков опкружен и бомбардиран, Борис Џонсон вели дека потсетува на трагедијата на Сараево

Најмалку 21 цивил е убиен, а 112 се ранети во изминативе 24 часа поради руските гранатирања на украинскиот град Харков, јавуваат светските медиуми. Погодени се владини, но и бројни цивилни објекти во градот. Вториот по големина град во Украина брои 1,5 милиони жители и веќе со денови е опкружен од руските воени сили, јавува Гардијан. Русите се обидоа во неколку...

Продолжува воениот судир во Украина, Русија повика на неутралност

Нападот на руските воени сили врз Украина што почна во 3.55 часот утрово по македонско време однесе десетици животи досега, во ракетирања и гранатирања од руска страна, а според украинската војска, на непријателот му се нанесуваат сериозни штети. Како што соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, до 13 часот по киевско време, „руските окупациски сили“ извршиле повеќе од 30...

НаТочак: Со мерки за намалување на брзината по улиците, општините да спречат фатални сообраќајќи

Ослободување, уредување и проширување на тротоарите и пешачките зони, воведување велосипедски патеки и ленти, подигнати пешачки премини, шикани-искривувања на коловозот, микро-кружни текови, стеснување на коловозните ленти за постигнување на намалување на брзината на улиците до 30, односно 20 километри на час. Ова се барањата на граѓанската иницијатива НаТочак, коишто се испратени во допис до Град Скопје и сите скопски...

Вистиномер: Половина од предизвикувачите на сообраќајки со жртви добиваат условни казни

Од вкупно донесени 69 пресуди за сообраќајни незгоди со смртен исход, во 35 на лицето што ја предизвикало сообраќајката му била изречена условна пресуда, говорат податоците од Основниот кривичен суд за периодот од 2017 до крајот на 2021 година. Во само три случаи била изречена казна од четири години затвор, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Половина од правосилните...

САД побараа објаснување од казахстанските власти за повикот на странски сили во земјата

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја осуди одлуката на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев да се пука без предупредување врз протестантите во земјата. САД побараа објаснување од казахстанските власти за одлуката на Токаев да побара помош од странски воени сили од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ). Русија испрати неколку илјади војници во Казахстан под покровителство на ОДКБ, а...

Граѓаните донирале над 162.000 евра за настраданите во Турција и Сирија

Македонскиот народ собра речиси 10 милиони денари (162.100 евра) помош за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, соопшти денеска Црвениот крст на С. Македонија. Според Генералниот секретар на...