Додека трае војната, нови оставки и смени на функционери од украинското раководство

-

Украинскиот заменик министер за одбрана, Вјачеслав Шаповалов си поднесе оставка на функцијата, по медиумските обвинувања за корупција, иако и тој и украинското Министерство за одбрана тврдат дека се неосновани, пренесува Гардијан. Шаповалов беше одговорен за снабдување на украинските војници со храна и воена опрема, а од Министерството за одбрана велат дека неговата оставка сепак е достоен чин што ќе овозможи да се задржи довербата кон ова министерство од граѓаните.

Оставка од функцијата од претседателскиот кабинет на Володимир Зеленски си даде и Кирило Тимошенко, кој беше заменик-шеф на претседателскиот кабинет. Станува збор за еден од клучните соработници на претседателот Зеленски во сиот изминат период, кој беше обвинет во скандалот со користење на скапи автомобили. Пред една недела, оставка на функцијата советник на украинскиот претседател Зеленски си даде Олексиј Арестович.

Инаку, по корупциски скандал вчера од функцијата беше сменет заменик министерот за инфраструктура Васил Лозински, кој беше уапсен од украинската полиција за наводно примање на мито во износ од 400.000 евра.

Денеска од својата функција беше сменет и украинскиот заменик јавен обвинител, Олексеј Симоненко, соопшти украинското јавно обвинителство.

И покрај бројните промени во украинското раководство, на терен и изминатово деноноќие продолжија воените дејствија во Украина. Руските сили го гранатирале градот Купјанск во Харкивскиот регион, што довело до опожарување на станбени згради, пренесува Укринформ.

Гардијан јавува дека како резултат на руските напади врз населени места во Донецкиот регион во изминативе 24 часа загинале најмалку тројца цивили, а уште три лица се повредени. Украинските власти соопштија дека во рамки на ноќна противвоздушна битка во источниот дел на земјата, единиците на противвоздушните ракетни сили уништиле три руски хеликоптери Ка-52.

Доналд Трамп го помилува основачот на веб-страницата за продажба на дрога „Силк Роуд“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал Рос Улбрихт, основачот на „Силк Роуд“ (Silk Road), подземна веб-страница за продажба на дрога, пренесе Асошиејтед Прес (АП). Улбрихт беше осуден на доживотен...

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и...

Индекс на младинско учество: Социјалните бариери ги оддалечуваат младите од вклученост во заедницата

Многу мал процент млади, како на национално, така и на локално ниво, се вклучени во политичкиот живот. Четвртина од младите не се вработени, не се образoваат ниту се обучуваат, а се...

Играта со загатки „Escape Academy“ е бесплатна на Epic Games до четврток

Играта со загатки Escape Academy е бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за релативно кратка игра со интересни загатки со кои решавате како да се излезе од одредени простории...

Доналд Трамп го помилува основачот на веб-страницата за продажба на дрога „Силк Роуд“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал Рос Улбрихт, основачот на „Силк Роуд“ (Silk Road), подземна веб-страница за продажба на дрога, пренесе Асошиејтед Прес (АП). Улбрихт беше осуден...