fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Скопје, Тетово, Битола, Велес и Кавадарци дишат многу загаден воздух

Сите мерни станици во Скопје, мерните станици во Тетово, Битола, Велес и во Кавадарци вечерва покажуваа многу високо ниво на загаденост, а во Кочани и во Кичево измерено е високо ниво на загадување на амбиенталниот воздух. На мерната станица во скопската наелба Лисиче, во 20 часот, канцерогените ПМ10-честички изнесувале 375 микрограми на еден кубен метар, што е петпати повеќе од...

Во 12 часот протест против загадувањето на воздухот во Скопје

Во 12 часот пред просториите на Град Скопје, скопјани под мотото „Не се дише“ ќе протестираат против енормното загадување на воздухот и ќе бараат од надлежните преземање конкретни мерки за да се реши проблемот. Протестот го организира заедница на еко-активисти „Скопје смог аларм“ и граѓанската иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош 4“. „Граѓаните на Скопје и на Македонија денеска...

Скопјани ќе протестираат против загадувањето на воздухот

По масовните протести во Тетово, и скопјани ќе протестираат против енормното загадување на воздухот и ќе побараат преземање на конкретни мерки за да се реши тоа. Протестот, чие мото гласи „Не се дише“, ќе почне утре, во 12 часот пред просториите на Град Скопје. На протестот ќе биде побарано надлежните да преземат низа мерки кон предизвикувачите на загадувањето на воздухот. Тие...

„Еко герила“: Или чист воздух или блокирање на институциите

На протестот против загадениот воздух, еколошкото здружение „Еко герила“ побара за една недела, односно до 25 овој месец, да се преземат соодветни мерки против предизвикувачите на аерозагадувањето во Тетово, а во спротивно најави блокади на институциите. - Ова е ултиматум што го упатуваме до Владата и до Општина Тетово. Од нив бараме да престане со работа „Југохром“, сè додека не се постават...

СДСМ бара итни мерки против загадувањето и оставка од градоначалникот Трајановски

Состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува сè поалармантна и позагрижувачка, а ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски редат празни зборови за пред години, обвини СДСМ. „Граѓаните на Македонија буквално се задушуваат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени честички ПМ10. Подолг временски период граѓаните дишат по 10, па дури и по 20 пати позагаден воздух од дозволеното. Цели...

Прекин на наставата и предвремен распуст во Тетово поради енормното загадување

Поради екстремното ниво на загадување на воздухот, Општина Тетово донесе одлука да се прекине наставата во градинките, основните и во средните училишта. Оваа одлука е донесена по состанокот со раководствата на воспитно-образовните институци. Настава нема да има до крајот на првото полугодие. Оваа одлука е донесана по бојкот и протест на учениците поради екстремното аерозагадување во Тетово. - Донесовме одлука наставата...

Загаденоста во Тетово вчера – 20 пати над дозволеното, во Лисиче – 17 пати

Утринава и изминатата ноќ, амбиенталниот воздух достигна рекордни нивоа на загаденост и екстремно високи нивоа на канцерогените честички ПМ10. Во 8 часот утринава, многу високо ниво на ПМ10-честичките беше забележано во скопските населби Лисиче и Гази Баба, како и во Битола и во Тетово. Високо ниво на аерозагадување беше измерено во Центар, Миладиновци, Кичево, Кочани и во Велес. Мерната станица...

Александар ги расплака битолчани на протестот против загадениот воздух

Со емотивен говор, 35-годишниот Александар Јовановски, болен од малигно заболување на лимфите, ги расплака насобраните битолчани на протестниот собир во Битола, против загадувањето на воздухот. Пред насобраните граѓани, Александар, зборувајќи за болеста и за трагедиите на неколку различни генерации, упати силни пораки до властите за игнорантскиот однос кон загадениот воздух, причините и за последиците од него. - Како да останеме исти...

Општина Аеродром преку брошура ќе ги едуцира граѓаните за загадувањето

„Како да се затоплуваме, а да не го загадуваме воздухот?“, е насловот на брошурата што од денеска Општина Аеродром ќе им ја дели на граѓаните на својата територија. - Целта е преку оваа брошура да се едуцираат граѓаните како да користат квалитетни енергенти при затоплување на домовите, што ќе придонесе за заштита на воздухот и на здравјето на луѓето, но...

ДОМ бара прогласување вонредна состојба поради загадувањето

Партијата Демократска обнова на Македонија денеска побара Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето, а Министерството за животна средина веднаш да најде итни мерки за санирање на проблемот, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на ДОМ, Тони Ристов, додавајќи дека партијата нуди конкретни мерки за намалување на загадувањето. Партијата, како што рече Ристов, веќе има конкретни мерки за надминување на проблемот....

Скопје, Тетово, Битола и Кичево вечерва се задушуваат во смог

Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Тетово, Битола и Кичево вечерва се задушуваат во загаден воздух и во смог, а мерните станици поставени таму покажуваат многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички. Во Кавадарци загадувањето на амбиенталниот воздух е на високо ниво, а во Кочани и во Велес е на средно ниво. На мерните станици во Карпош и во Центар освен многу високо ниво на...

ССК: Половните возила се најголеми загадувачи на воздухот

Најголеми загадувачи не се индустриските објекти и огревното дрво, туку проблемот со загадувањето на воздухот најдиректно го лоцираме во увозот на половни возила, вели Митко Алексовски, претседателот на Сојузот на стопански комори. - Половните возила немаат заштитни филтри и катализатори и емитуваат огромно количество штетни честички во воздухот. Најголемите загадувачи, старите возила, не ги исполнуваат декларираните европски нормативи и ја...

Mал број мерки за намалување на аерозагадувањето во Тетово

Локалната власт спроведува мал број мерки за намалување на аерозагадувањето во Тетово, заклучија учесниците на денешната трибина „Здравата животна средина - основно човеково право“. Засега, според еколошките здруженија, во функција е само повкувачкиот центар за пријавување загадување на животната средина, а делумно се спроведува и еко-рапортот. Но, за жал, Општината нема преземено мерки против големите загадувачи, како што е дивата депонија. -...

Вечерва сите мерни станици покажуваат многу високо ниво на аерозагадување

Многу висока концентрација на канцерогените ПМ10-честички вечерва е измерена на речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Мерните станици во Центар, Карпош, Гази Баба, Ректорат, Битола 1, Кичево, Тетово, Велес, Кочани и во Кавадарци покажуваат многу високо ниво на загаденост, мерната станица во Битола 2 покажува високо ниво, а во Миладиновце ниско ниво на загаденост. Освен...

Тетово го задушија ПМ10-честички и азот диоксид

Изминатата ноќ во Тетово беа измерени екстремни концетрации на штетни честички ПМ10 во воздухот, кој беше загаден 16 пати повеќе од дозволената вредност. И дозволената концетрација на гасот азот диоксид беше двапати надминатa. - Гасот азот диоксид е директно поврзан со издувните гасови на возилата. Сите сме свесни дека возилата согоруваат секакви непроверени деривати, а некои возила, иако неправилно го...

Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

На последната седница на Советот на Град Скопје, советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, побарал од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, да се обрати до Владата за доделување субвенции – дотации, за преземање мерки и активности од страна на Градот за поголема заштита на животна средина, а особено за справување со сè поголемото загадување на воздухот. „Според Европската агенција за...

Пекинг се задушува во смог, издадено предупредување од највисоко ниво

Властите на главниот град на Кина, Пекинг, денеска поради смогот издале предупредување од највисоко ниво, јавуваат светските медиуми. „Портокаловото ниво“ за кое било издадено предупредувањето во Пекинг е второ највисоко ниво на загадување. Како што пренеле кинеските медиуми, предупредувањето, меѓу другото, значи и дека се бара од фабриките да го намалат или целосно да го прекинат производството. Мерењата, во делови од...

Протест пред Општина Аеродром поради загадувањето

Педесетина граѓани денеска се собраа пред седиштето на Општина Аеродром да протестираат против големото загадување и да побараат локалната самоуправа да преземе соодветни мерки за да се заштити здравјето на граѓаните. Игор Новески, координаторот на граѓанската иницијатива „Стоп за смрдеата во Аеродром и Ново Лисиче“, рече дека се загрижени за состојбата во целата земја и бараат властите на централно и на...

Заклучокот од дебатата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ е – загаден!

И денешната дебата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“ помина без наоѓање заеднички јазик помеѓу граѓаните и еколошките здруженија, кои предлагаа конкретни мерки за намалување на загаденоста од една страна, и надлежните институции кои ги оправдуваа мерките што досега ги презеле од друга. Александра Бујаровска од еколошкото здружение „Фронт 21/42“ вели дека информацијата за...

Во Собранието ќе се дебатира за загадувањето на воздухот

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднела информација за загадувањето на воздухот за која пратениците треба да дебатираат, рече пратеникот Стефан Богоев од СДСМ на дебатата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“. - Денеска како пратеничка група до Собранието поднесовме информација за загадување на амбиенталниот воздух во Македонија. На првата наредна собраниска седница, која...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...