fbpx

Скопје, Тетово, Битола, Велес и Кавадарци дишат многу загаден воздух

-

Сите мерни станици во Скопје, мерните станици во Тетово, Битола, Велес и во Кавадарци вечерва покажуваа многу високо ниво на загаденост, а во Кочани и во Кичево измерено е високо ниво на загадување на амбиенталниот воздух.

На мерната станица во скопската наелба Лисиче, во 20 часот, канцерогените ПМ10-честички изнесувале 375 микрограми на еден кубен метар, што е петпати повеќе од дозволените 50 микрограми.

Во Центар измерени се 217 микрометри, во Карпош – 240, во Гази Баба – 270, во Битола – 260, во Велес – 250, а во Тетово – 240 микрогами на еден кубен метар.

Во Центар за петпати, а во Карпош за осумпати се надминати и дозволените вредностите на честичките ПМ2,5.

Граѓаните пред просториите на Град Скопје одржаа протест против загадувањето на воздухот на кој порачаа дека сакаат да дишат чист воздух „овде и сега“.

Како дел од мерките кои побараа од надлежните да ги преземат беа забрана на возење на автомобили кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, воведување целосна гасификација, субвенционирање на јавниот превоз, но и веднаш да престанат со сечењето дрвја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...