Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите медиуми дека од денеска на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет-портали).
Забраната е пропишана во член 82, став 1 од законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик и важи до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2016 година.