fbpx

Тетово го задушија ПМ10-честички и азот диоксид

-

Изминатата ноќ во Тетово беа измерени екстремни концетрации на штетни честички ПМ10 во воздухот, кој беше загаден 16 пати повеќе од дозволената вредност. И дозволената концетрација на гасот азот диоксид беше двапати надминатa.

– Гасот азот диоксид е директно поврзан со издувните гасови на возилата. Сите сме свесни дека возилата согоруваат секакви непроверени деривати, а некои возила, иако неправилно го согоруваат горивото, сè уште се користат. Овој гас е особено штетен за белите дробови – изјави Џавид Фезјули, специјалист по хигиена и по здравствена екологија.

Фезјули апелира надлежните служби повеќе да ги контролираат возилата и доколку се утврди дека го загадуваат воздухот повеќе од дозволеното, да се санкционираат.

Полицијата вели дека редовно врши контроли на возилата, кои неретко завршуваат на технички преглед.

Од општинскиот инспекторат тврдат дека нивните инспектори преземаат мерки за намалување на аерозагадувањето предизвикано од возилата.

– Наша работа е да ги контролираме техничките станици, дали при регистрација на возилата се контролира правилно согорување на дериватот од самиот мотор. Доколку вакви контроли не се вршат, техничките станици се соочуваат со соодветна санкција – вели Томислав Јоргушевски, инспектор во инспекторатот за животна средина при Општина Тетово.

За намалување на аерозагадувањето предизвикано од возилата, една од автомобилските копманиии од Тетово од денеска почна кампања под мото „За почист воздух“.

Кампањата вклучува бесплатен тест на согорувањето на дериватите и евентуални механички интервенции доколку се утврди дека возилото испушта издувни гасови повеќе од дозволената вредност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...