fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Во април годинава ќе се знае кои се најголемите загадувачи на воздухот

Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и на Австрија почна проект со чија реализација ќе се дознаат факторите што придонесуваат за аерозагадувањето и колкаво е нивното учество во загадувањето на амбиенталниот воздух. Проектот е почнат уште во мај минатата година, кога на повеќе локации во Тетово и во Скопје се поставени филтри каде ќе се апсорбираат...

Снегот и ветерот го намалија загадувањето на воздухот

Врнежите од снег и ветерот го намалија загадувањето на воздухот што изминатите неколку дена имаше многу високо ниво на канцерогени ПМ10-честички. Во скопските населби Центар и Карпош, како и во Битола, Кичево и во Тетово денеска загадувањето е на високо ниво, а во Лисиче, Гази Баба, Велес и во Кочани измерено е средно ниво на загадување. Во 13 часот, во Центар измерени...

Екологисти: Само „Викторија сикрет“ може да го покрие срамот на битолскиот „татко на модата“

„Tатко на модата“ е новиот прекар што на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, му го дадоа екологистите од здружението „За нас се работи“ откако тој за Нова година изјави дека протестите против загадениот воздух во Битола биле „мода“. - Човекот е гол. Ние го забележавме тоа и само рековме - царот е гол. Сега само „Викторија сикрет“ може да му го покрие срамот...

И без „Југохром“ воздухот во Тетово e екстремно загаден

Воздухот во Тетово синоќа беше загаден 17 пати повеќе од дозволеното. Мерните станици на Министерството за животна средина измерија 857 микрограми ПМ10-честички на еден кубен метар. Затворањето на „Југохром“ не придонесе за намалување на аерозагадувањето, иако комбинатот на протестите против загадениот воздух, беше посочуван како најголем загадувач на воздухот. Фабриката на 31 декември ги исклучи печките. Оттаму соопштија дека нема да...

Загаден воздухот во Тетово, Кичево, Скопје и во Велес

Мерните станици за квалитетот на воздухот денеска покажаа дека жителите на Тетово, Кичево, Скопје и на Велес дишат загаден воздух, со високи концентрации на честичките ПМ10. Според мерењата што ги врши Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска најзагаден град во Македонија е Тетово, каде концентрацијата на честичките ПМ10 изнесува 163 микрограми на еден кубен метар, а веднаш зад него е...

ЈКП Тетово за наредната година најавува решавање на проблемот со дивата депонија

Јавното комунално претпријатие Тетово за наредната година најави изградба на затворен објект, каде ќе се носи комуналниот отпад, кој ќе се селектира и ќе се рециклира, пред да се транспортира во регионалната депонија Русино. - На седница на Советот на општина Тетово, беше донесена одлука да се избере една од трите предвидени локации за изградба на затворен објект, каде ќе...

Чарлс Гарет: Се мешаме во македонските работи оти така функционира ЕУ

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет во својот осврт за случувањата во Македонија во текот на годината, меѓу другото, даде одговор на прашањето зошто странците се мешаат во внатрешните работи на Македонија. „Одговорено накратко, тоа е начинот на кој Европа функционира. ЕУ, на која Македонците многу сакаат да ѝ се приклучат, се темели на одреден степен на заеднички суверенитет. Секоја земја-членка има одреден степен...

Манчевски: Бараме на вонредна седница да се усвојат мерки против загадувањето

Советничката група на СДСМ и на коалициските партнери во Советот на Град Скопје бара вонредна седница во деновите помеѓу новогодишните и божиќните празници. На седницата тие, од градоначалникот Коце Трајановски, ќе побараат да се усвојат вонредни предлог-мерки со кои загаденоста привремено би се довела во понормални рамки. Некои од мерките што од СДСМ ги предлагаат се итен прекин на сите градежни...

Протест: Стоп за загадувањето или блокада на градовите на 15 јануари

Ограничување на движењето на возилата во поширокото централно градско подрачје, воведување сообраќаен режим во денови кога има енормна загаденост, забрана на движење на возила кои користат горива со понизок стандард од „еуро 4“ и дизел, намалување на цената на билетот во јавниот превоз се дел од мерките што граѓаните и еколошките здруженија од Скопје, Тетово, Битола, Кочани, Кичево ги побараа од...

Почна протестот против загадувањето на воздухот пред Влада

Неколку стотици граѓани денеска се собраа пред Владата за да го искажат својот револт поради загадувањето на воздухот. Граѓаните, кои сè уште пристигнуваат, со себе носат транспаренти на кои пишува „Децата треба да дишат чист воздух“, „Ни го земавте здивот“ и „Имате ли план“. Протестот е поддржан од дваесетина еколошки здруженија и иницијативи од Скопје, Тетово, Битола и од Велес, каде...

„Излези за воздух!“: Акцијата нема да запре сè додека воздухот не се прочисти

На протестот што денеска во 17 часот ќе се одржи пред Владата на Република Македонија, наречен „Излези за воздух!“, ќе учествуваат дваесетина невладини организации од цела Македонија. Организациите кои дејствуваат против загадувањето на воздухот во Македонија сметаат дека е добро што Владата конечно се огласи во однос на прашањето што алармантно ја засега речиси цела домашна популација, но и дека...

„Излези за воздух“: Смешни се мерките на Владата против загадувањето

Организаторите на протестот што попладнево ќе се одржи пред објектот на Владата сметаат дека мерките што таа вчера ги предложи се смешни и не придонесуваат да се намали загадувањето на воздухот. - Мислам дека тоа што Владата вчера излезе со такви смешни мерки може да има само контраефект. Реално, тоа што тие вчера го предложија, не се мерки, туку еден вид евакуација на населението. Тоа...

Министерство за животна средина: Владата и општините итно да преземат мерки за загадувањето

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе препорача до Владата и до општините итно да преземат конкретни мерки против загадувањето, истакна Нурхан Изаири, министер за животна средина. Тој рече дека мерките се однесуваат на тоа Град Скопје и Општина Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, а особено околу градилиштата. Втора мерка што ја препорачува Министерството, според...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога нема бројки, за СДСМ нема ни загадување

Кога има можност да направи нешто за загадувањето, СДСМ го игнорира проблемот како да не постои, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Кога не ги гледаш бројките, исто како да нема загадување - тоа е философијата на СДСМ. Тоа е сè што СДСМ направил за загадувањето. Мижел, молчел и се молел да помине. На граѓаните им треба сериозен пристап...

СДСМ: За Груевски и за фамилијата здравјето на граѓаните е неважно

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не презедоа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух, обвинуваат од СДСМ. „Граѓаните од цела Македонија секојдневно дишат екстермно загаден воздух. Во Скопје и во Тетово загадениот воздух достигнува фрапантни 18 пати повисоки концентрации на опасните честички ПМ10, што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните. Во Битола и во Кичево...

Екологистите се заканија: Или топлификација во Битола или бојкот на политичките митинзи

Околу 5.000 поддржувачи се потпишале за платформата „Петка за Битола“, против загадувањето на воздухот, што ја иницира здружението „За нас се работи“. Од здружението велат дека оваа бројка потпишани граѓани на петицијата е израз на загриженоста, револтот и на стравот на граѓаните од енормното загадување на воздухот во Битола и од последиците по нивното здравје и по здравјето на...

Ограничена употребата на возила во Милано

Италијанските власти одлучија да ја ограничат употребата на моторни возила во Милано во текот на три дена следната недела поради загаденоста на воздухот. Забраната ќе биде на сила од понеделник, 28 декември, во период од 10 до 16 часот. Градоначалникот на Милано, Џулијано Писапи, ги повика сите градски општини да го почитуваат тридневното ограничување на користењето моторни возила.

„Југохром“ го прекинува производството поради загадувањето

Фабриката „Југохром“ од Тетово, поради високото ниво на загадување на воздухот, соопшти дека од 31 декември до февруари следната година ќе го прекине производството. „Имајќи слух за моменталната ситуација со загадувањето во Тетово, иако менаџментот на фабриката е на ставот дека „Југохром“ во стечај не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот, донесе одлука за доброволно исклучување на двете...

Поради загадениот воздух, распустот во Центар ќе почне в понеделник

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска упати барање до Министерството за образование и наука, за децата од седумте општински основни училишта распустот да почне од понеделник, 28 декември. Ова барање е поради резултатите од извршените мерења на загаденоста на воздухот од страна на Министерството за животна средина, кои покажуваат дека во последните десет дена во општина Центар има многу високо ниво...

В понеделник пред Влада, протест „Излези за воздух“

Повеќе еколошки здруженија в понеделник, во 17 часот, пред Влада, под мотото „Излези за воздух“, организираат протест против енормното загадување на воздухот. „Времето нè гази, а воздухот и понатаму ни ги зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта нè демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е! Се здруживме и одлучивме дека ќе...

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...