fbpx
Таг: војници

таг: војници

Коѕиас: Грција не смее да дозволи турската криза да се пренесе на грчко-турските односи

Грција мора да внимава турската криза да не се прелее на грчко-турските односи и да предизвика инциденти меѓу двете држави, порачува шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во интервју за весникот „Риал њуз“. Грчкиот министер вели дека на осумте турски војници ќе им пресудат грчките правни институции, а апелира дека Турција мора да работи на зајакнување на демократијата и да...

Почнува судењето на турските војници во Александруполи

Денеска напладне почнува судењето на осумте турски војници кои слетаа во Грција по обидот за воен удар во Турција. Војниците се обвинети за нелегален влез во државата и за нелегален лет над грчкиот воздушен простор. Доколку судот одлучи да ги осуди, тие ќе бидат префрлени во затвор, каде ќе останат да ја чекаат одлуката од паралелниот процес кој се води...

Турција ја притиска Грција да ги врати војниците од Александруполи

Турција го заострува притисокот кон Грција за побрзо екстрадирање на турските војници од Александруполи. Турскиот амбасадор во Атина, Керим Урас, на брифинг со грчките новинари во турската амбасада се закани дека грчко-турските односи ќе се влошат доколку Грција не ги врати војниците, за кои турските власти сметаат дека биле дел од воениот удар против турскиот претседател. Ваквата изјава и закана...

Убиени седум украински војници на истокот на Украина

Седум украински војница се убиени во судирите на проруски бунтовници и на украинската војска на истокот на Украина, што е најголем биланс од крајот на мај годинава, соопштија украински воени извори. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко, соопшти дека во судирите во последните 24 часа се убиени седум, а ранети се 14 украински војници. Лисенко додаде дека ситуацијата и понатаму е...

Одложено судењето на турските војници кои бараат азил во Грција

Судењето на турските војници кои бараат азил во Грција е одложено за четврток. На барање на адвокатот на осумте војници, судот дозволи тридневно одложување на судењето. Турските војници се обвинети за нелегален влез во земјата и за нелегален лет во грчкиот воздушен простор. Војниците ќе останат притворени во Александруполи сè до судењето в четврток напладне. Осумтемина војници слетаа во саботата напладне во...

Турските војници изведени пред обвинител во Александруполи, утре одат на судење

Осумте турски војници што побараа азил во Грција, во моментов се изведени пред обвинител во Александруполи. Во зависност од изјавите и од одлуката на обвинителството, војниците утре најверојатно ќе бидат изведени пред суд со обвинение дека нелегално влегле во државата и направиле обид за нарушување на меѓународните односи меѓу Грција и Турција. Хеликоптерот со кој слетаа во Грција вчера доцна вечерта...

Грција ги разгледува барањата за азил на осумте војници – пучисти од Турција

Грција ќе ги разгледа барањата за азил на пучистите од Турција во согласност со меѓународните процедури за азил. Ова го изјави потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, за случајот на осумте турски војници кои денеска напладне слетаа во Александруполи со турски воен хеликоптер и побараа грчки азил. Војниците беа уапсени од грчката полиција за нелегален влез во државата и се...

Турски воен хеликоптер слета во Александруполи

Седум турски војници и еден цивил побараа политички азил во Грција. Осумтемина беа во турски воен хеликоптер, кој побара дозвола од грчките власти за вонредно слетување во Александруполи. Според информациите на грчката агенција АПЕ, веднаш штом слетале, турските државјани побарале политички азил во Грција. Сите се приведени и однесени во полицијата во Александруполи. Хеликоптерот емитувал сигнал дека се наоѓа во опасност...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не се грижи за интересот на Македонија

СДСМ гласаше против модернизацијата на одбраната на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Максим Димитриевски. Од владејачката партија велат дека на седницата на парламентот, на која биле нужни гласовите на опозицијата за да се изгласа ослободување од ДДВ и од цариина за набавка на опрема за Армијата, СДСМ одлучил интересот на Република Македонија да го стави на последно...

САД ќе испратат дополнителни 560 војници во Северен Ирак

САД ќе испратат дополнителни 560 војници во Северен Ирак за да учествуваат во борбата против екстремистичката група Исламска држава, изјави денеска секретарот за одбрана на САД, Ештон Картер. Говорејќи за време на посетата на Багдад, тој рече дека новите војници ќе помогнат во борбата за повторна контрола на Мосул, кој сега се наоѓа во рацете на милитантите на ИД. Ирачките сили...

Најмалку 10 војници убиени во напад на Ал шабаб во Сомалија

Екстремисти на сомалиската исламистичка група Ал шабаб влегле со автомобил полн со експлозив во база на сомалиската војска југозападно од престолнината Могадишу. Во експлозијата убиени се најмалку 10 војници, соопштија Ал шабаб и едно официјално лице од сомалиската војска. Портпаролот на екстремистичката група потврди дека зад нападот стојат броци на Ал шабаб. Ал шабаб често врши напади во сомалискиот главен град, во настојување да ја тргне од...

Шест турски војници загинаа во два бомбашки напади

Шест турски војници загинаа во бомбашки напади на курдските милитанти во Североисточна Турција. Турската војска соопшти дека четворица војници загинале кога нивното возило било уништено од бомба на пат во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак. Друг војник и член на државната милиција биле убиени во експлозија на автомобил бомба во провинцијата Ван. Анкара за нападите ја обвини забранетата...

Двајца турски војници загинаа во експлозија од рачно направена бомба

Двајца турски војници биле убиени, а тројца други ранети во напад изведен од курдските бунтовници во југоисточниот турски округ Мардин. Како што јавува агенцијата „Анадолија“, рачно направена експлозивна направа била активирана во моментот кога воено оклопно возило минувало низ градот Дерик. Војската смета дека нападот го извеле борци на Курдската работничка партија (ПКК).

Ал Шабаб објави дека убиле 43 војници во база во Етиопија

Сомалиската терористичка група Ал Шабаб објави дека нејзините членови убиле 43 војници во нападот на базата на воените сили во Етиопија, која ѝ служи на мисијата на Африканската унија во Сомалија. - Убивме 43 војници од Етиопија – изјави за „Ројтерс“ портпаролот на Ал Шабаб, задолжен за воените операции. Тој додаде дека во нападот загинале и неколку борци на Ал Шабаб.

За десетици белгиски војници постои сомнеж дека се радикализирани муслимани

Неколку десетици војници од белгиската армија се набљудувани од военото разузнавање затоа што за нив постои сомнеж дека се радикализирани муслимани, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на информации од министерот за одбрана, Стевен Вандепјут. Досега ниту еден војник не бил отстранет од служба поради радикален ислам. Локалните медиуми јавуваат и дека се спроведувале проверки во однесувањето на лица вработени во белгиската железница. Неодамна беше...

Во Киев загинаа тројца украински војници

Тројца украински војници загинаа, а шест се ранети во најновиот конфликт помеѓу проруските и владините сили на истокот на Украина, соопшти војската во Киев. Портпаролот на украинската војска, Олександр Мотузјаник, на новинарите им рекол дека во последните 24 часа убиени биле тројца, а ранети шест војници. Тој додал дека повторно дошло до ескалација на конфликтот на линијата на фронтот. Новите инциденти и...

Најмалку 30 загинати војници во Нагорно-Карабах – ситуацијата и натаму тензична

Нови борби меѓу вооружените сили на Ерменија и Азербејџан се одвивале ноќеска во регионот на Нагорно-Карабах, долж линија за контакт, јавува „Би-би-си“. Извештаите од теренот, на кои се повикува британскиот национален сервис, велат дека од двете страни било користено тешко вооружување, минофрлачи и артилерија. Во вчерашните борби, според информациите, загинале најмалку 30 војници, а има информации и за цивилни...

Еврејката Шела Шијон Алтерац третпат се врати во родниот Штип

Штипската Еврејка Шела Шијон Алтерац цели 55 години молчела пред семејството за голготата што ја поминала на десегодишна возраст, кога заедно со семјството била земена од домот и однесена во Монополот. Денеска третпат се врати од Изреал во родниот Штип, на одбележувањето на 73-годишнината од депортацијата на Евреите. Осумдесет и тригодишната Шела раскажа дека тогаш три недели поминала во валканиот...

Владата донесе одлука за вработување на 112 поранешни професионални војници

На минатата седница, Владата донесе одлука и акциски план со кој 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ ќе бидат вработени во рамките на државните институции, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Ѓорѓиев нагласи дека станува збор за 112 поранешни професионални војници на кои им престана службата во АРМ поради исполнување на старосната граница заради навршени 35,...

ВМРО-ДПМНЕ: Професионалните војници ќе бидат вработени

Уште во ноември минатата година, Министерството за одбрана одржа неколку состаноци со МВР на кои беше разговарано за можноста за вработување на професионалните војници во граничната полиција, за што начелно Министерството за одбрана доби согласност од МВР. Во февруари годинава, спротивно на сите претходни договарања и ветувања, МВР раководено од технички назначениот министер Оливер Спасовски се премисли и реши...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...