fbpx

Турски воен хеликоптер слета во Александруполи

-

Седум турски војници и еден цивил побараа политички азил во Грција. Осумтемина беа во турски воен хеликоптер, кој побара дозвола од грчките власти за вонредно слетување во Александруполи.

Според информациите на грчката агенција АПЕ, веднаш штом слетале, турските државјани побарале политички азил во Грција. Сите се приведени и однесени во полицијата во Александруполи.

Хеликоптерот емитувал сигнал дека се наоѓа во опасност и наводно побарал дозвола за слетување поради технички проблем на возилото. Проценките се дека се работи за поддржувачи на воениот удар против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, побара Грција да ги екстрадира во Турција осумте патници и да го врати назад хеликоптерот.

Генерал-штабот на грчката војска информираше дека веќе врши подготовки за веднаш да биде вратен назад во Туција воениот хеликоптер и се разгледува барањето на екипажот на хеликоптерот за азил.

По барањето дозвола, хеликоптерот слетал во придружба на два грчки воени хеликоптери „Ф-16“. На аеродромот турските државјани ги дочека силно полициско обезбедување и членови на грчкото Министерство за надворешни работи.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, денеска разговараше телефонски со својот турски колега, Мевлут Чавушоглу. Според информациите од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас во разговорот истакнал дека Грција го осудува секој обид за воен удар и ја поддржува борбата на турскиот народ за демократија и за заштита на уставниот ред во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...