fbpx
Таг: војници

таг: војници

Борисов: Бугарија ќе испрати војници на границата со Грција

Бугарија ќе испрати повеќе од 400 војници и други припадници на безбедносните сили да ја чуваат границата со Грција, поради стравот дека протекот на мигранти долж балканската рута ќе се зајакне со стоплувањето на времето, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов. - Стотина луѓе, повеќе од 400 од редовите на војската, паравоената полиција и од полицијата, ќе останат овде – изјави...

Јолевски најави можно зголемување на бројот на војници во областа на Гевгелија

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, при денешната посета на границата со Грција истана дека јужната граница е делумно отворена за протек на мигрантите низ нашата земја и добро е обезбедена од безбедносните полициски сили на кои им помагаат полицајци од неколку европски земји и припадници на АРМ. Но, тој додаде дека доколку во следниот период бројката на мигранти се зголеми...

Димитриевски: На професионалните војници им е загрозена егзистенцијата

Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги излажа професионалните војници кои штрајкуваа со глад, дека ќе ги вработи. Пред пет дена заврши последниот рок, според измените на Законот за служба во АРМ, со кој што тие требаше да бидат вработени во некои од државните органи. Емил Димитриев, лично од позиција на генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, тоа јавно им го вети. Премиерот Димитриев не го спроведе...

Ердоган е против распоредување на руски војници на турско-сириската граница

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е против распределба на руски војници на турско-сириската граница. - Нема да толерираме распоредување на војници долж границата од Ирак до Медитеранот - изјави Ердоган и додаде дека за тоа ќе разговара со американскиот потпретседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Турција. Односите меѓу Турција и Русија значително се влошија откако на 24...

Во Пакистан убиени пет војници

Пет пакистански војници денеска загинаа во експлозија на бомба покрај нивното возило, во провинцијата Балучистан, соопштија претставниците. Ова е најнов напад во серијата инциденти во провинцијата, која е дел од планираниот пакистанско-кинески економски коридор, вреден 46 милијарди долари. Бомбата била поставена во округот познат по вадење јаглен, 50 километри источно од Квета, главен град на провинцијата. Експлозивната направа е активирана со далечински...

Убиени 50 кениски војници

Припадниците на исламистичката група Ал шабаб нападнале воена база на Африканската унија во сомалискиот град Ел Абе, при што убиени се најмалку 50 кениски војници, објави денеска агенцијата „Синхуа“. Светските медиуми јавуваат дека бомбаш-самоубиец со камион удрил во капијата на воениот камп на мировниот контингент на југот на државата. Откако камионот ја пробил капијата, милитантите влегле во базата и почнале со...

Бомбаш-самоубиец уби шест американски војници во Авганистан

Шест американски војници се убиени денеска за време на патрола северно од Кабул, кога бомбаш-самоубиец со мотоцикл се залетал во нив, соопштија од НАТО. Портпаролот на НАТО, генерал Вилсон Шофнер, рече дека во нападот во близина на главниот град на Авганистан се повредени три лица. Нападот се случил на десетина километри од воздушната воена база Баграм, во која се стационирани неколку...

Ирак: При бомбардирање загинаа девет ирачки војници

Девет ирачки војници загинаа кога воени авиони на коалицијата против Исламска држава на чело со САД по грешка изведоа удар на ирачките трупи во близина на градот Фалуџа. - Коалицијата на воздушните сили вчера го покриваа напредувањето на копнените сили во близина на Фалуџа, затоа што ирачките хеликоптери не можеа да полетаат поради лошите временски услови. Конечниот биланс е девет...

Турција повлече дел од војниците во Ирак

Турција повлече дел од воените сили кои без согласност на ирачките власти ги распореди на северот на Ирак, во близина на градот Мосул, кој се смета за центар на екстремистичката група Исламска држава. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во петокот повика на моментално повлекување на турските сили од северот на земјата, додавајќи дека на Иран не му се потребни дополнителни...

Четири сириски војници загинаа во бомбардирањата на коалицијата

Четири сириски војници загинаа, а 13 се повредени откако меѓународната коалиција предводена од САД бомбардираше сириска воена база во Западна Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Опсерваторијата наведува дека цел на воздушниот напад бил воен камп во западната сириска провинција Деир Езор, која се наоѓа на два километри од подрачјето што е под контрола на...

Германската армија бара зголемување на составот

Откако вчера парламентот на Германија го одобри приклучувањето кон воената операција против терористичката организација Исламска држава во Сирија, германската војска побара зголемување на нејзиниот состав. Од армијата велат дека во моментов имаат потреба од 5.000 до 10.000 војници. Андре Вустнер, претставник на армијата, повика горната граница за бројот на војници да биде зголемена, а квалитетот на опремата подобрен. Германската канцеларка Ангела Меркел ја исклучи можноста...

Тројца загинати во ракетен напад на мисијата на ОН во Мали

Три лица загинале во ракетен напад на база на мировната мисија на Обединетите нации (ОН) во северниот дел на Мали, соопштија ОН. Според информациите, во нападот се убиени двајца мировници од Гвинеа и цивил ангажиран во мисијата. Мировната мисија на ОН во Мали беше одобрена, минатата година, по воената кампања на Франција против исламистичките милитанти во северниот дел на земјата. Мисијата...

Се самоуби напаѓачот кој уби двајца војници во Сараево

Енес Омерагиќ, кој синоќа во сараевската населба Рајловац уби двајца војници и рани неколку други лица, се самоубил во својата куќа, која била опколена од полицијата. Според босанската полиција, Омерагиќ го сторил тоа со активирање експлозив. Претходно, Омерагиќ пукајќи од автоматско оружје, убил двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште еден војник, како и жената што работела...

Убиени двајца војници во БИХ

Двајца припадници на вооружените сили на БИХ се убиени во предградие на Сараево, потврдија локалната полиција и министерството за одбрана на БИХ. Војниците се убиени кога напаѓачот упаднал во обложувалница во населбата Рајловац и отворил оган. Уште еден војник е повреден во пукањето. Нападот се случил во локална обложувалница, а напаѓачот, откако ги убил војниците, излегол надвор и отворил оган и...

Јемен: 16 војници загинаа од подметната бомба

Шеснаесет војници вчера загинаа во јеменската провинција Маариб откако со возилото нагазиле на подметната бомба, соопштија провладини вооружени сили. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Провинцијата Маариб во последните неколку месеци е центар на судири меѓу бунтовниците Хути и владините сили.

НАТО ја одржа најголемата воена вежба во Европа

Денеска завршува најголемата воена вежба на НАТО во последните 13 години, која се одржа во Италија, Португалија, Шпанија, на Средоземно Море и на Атлантскиот Океан, но и во Канада, Норвешка, Белгија и во Холандија. Во вежбата учествувале 140 авиони, 90 бродови и подморници, 36.000 војници, морнари, пилоти од повеќе од 30 земји, меѓу кои и Австрија и Швајцарија, кои не...

Столтенберг: Русија трупа сили од Балтикот до Средоземното Море

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази загриженост поради натрупувањето руски воени сили на подрачјето од Балтикот до Средоземно Море и ја повика Алијансата да осмисли одговор на тоа. Столтенберг навел дека Русија ги концентрирала своите воени сили во Калининград, на Црно Море и на источниот Медитеран, од каде му дава поддршка на претседателот Башар ал Асад. Шефот на НАТО на прес-конференцијата во...

Јолевски на свеченост во Воената академија „Михајло Апостолски“

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, ќе се обрати на Воената академија „Михајло Апостолски“ по повод свечената изјава на питомците од 19. генерација и промоција на потпоручници од 15. генерација. На свеченоста ќе присуствува и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, а пред питомците и пред новите офицери ќе се обрати и деканот на Воената академија, полковник Орце Поповски. Свечена...

Обама, сепак, нема да ги повлече сите војници од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама планира да задржи 5.500 војници во Авганистан и по 2016 година. Според првобитниот план, требало сите американски војници да се повлечат од Авганистан, освен една помала група што би била задолжена за безбедноста на амбасадата во Кабул. Се очекува Обама денеска официјално да ја соопшти одлуката за останување на војската во Авганистан, каде во моментов има распоредено 9.800...

Јемен: Убиени 15 војници на арапската коалиција

Во денешните напади на неколку цели во јеменскиот град Аден се убиени 15 војници од коалицијата на арапските држави, на чело со Саудиска Арабија, пренесува државната новинска агенција ВАМ. Експлозии утринава се случиле во хотел во кој биле сместени јеменските претставници и во заливската воена база во Аден, соопшти портпаролот на Владата. Ова е најголем напад на државните сили откако во...