fbpx
Таг: војници

таг: војници

Авганистан: Талибанците убиле 10 војници

Десет авганистански војници загинаа на северот на земјата откако талибанските бунтовници успеале да продрат во нивната база со помош на инфилтрирани соработници. Нападот на авганистанските вооружени сили доаѓа во момент кога шефот на талибанците, Ахтар Мансур, објави порака во која го повикува Кабул да ги протера сите странски војници што се наоѓаат во земјата, а кои достигнуваат бројка од 13.000.

Исламисти убија 56 војници во Сирија

Исламисти убија 56 сириски војници во масовна егзекуција, во воздушната база на северозападот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Опсерваторијата, повикувајќи се на извори на терен, посочува дека масовната егзекуција се случила во авиобазата Абу ал Духур, пред неколку дена. Воздушната база во провинцијата Идлиб, на 9 септември беше заземена од алијансната група, во кја е и Нусра фронт, кој се...

Нови 125 професионални војници вработени во АРМ

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска се одржа свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници на служба во Армијата на Македонија. Во обраќањето пред новите војници, Јолевски рече тие поминале ригорозен процес на селекција и докажале дека се најдобри меѓу најдобрите. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Двајца војници загинаа, а двајца се повредени во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан

Двајца авганистански војници загинаа, а уште двајца се повредени, во напад на бомбаш-самоубиец северозападно од Кабул. Во северната авганистанска провинција Фаријаб во вчерашната заседа од Талибанците загинаа најмалку 15 припадници на милицијата лојална на генералот Абдула Рашид Достум, потпретседател на Авганистан.  

Убиени двајца НАТО војници во базата во Авганистан

Мажи во униформа на авганистанската армија убиле двајца НАТО војници во провинцијата Хелманд, соопшти НАТО алијансата. Напаѓачите отвориле оган врз возилото на НАТО војниците додека се движеле внатре во воената база. Напаѓачите се убиени, а националноста на убиените НАТО војници не се открива.

Двајца турски војници загинале, а 24 се ранети во самоубиствен бомбашки напад

Двајца припадици на турските безбедносни сили се убиени, а 24 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во близина на градот Догубајазит, во провинцијата Агри, близу турската граница со Иран, соопштија претставници на локалните власти. Нападот се случил во 3 часот според локално, односно околу полноќ според средноевроско време. Според турските медиуми, трактор натоварен со два тони експлозив бил детониран од бомбаш-самоубиец,...

Двајца турски војници загинаа при напад со автомобил-бомба

Двајца турски војници загинаа, а четворица се повредени при напад со автомобил-бомба врз нивниот конвој во југоисточниот дел на земјата, кој е населен главно со Курди. Нападот следел откако бунтовничката група Курдска работничка партија (ПКК) се закани дека повеќе нема да го почитува примирјето, кое се одржува од 2013 година, бидејќи Турција ги бомбардира нивните позиции во северниот дел на...

Се урнал дел од руски воен објект, 23 војници загинати

Дваесет и тројца војници загинале откако ноќеска се урнал блок од руски воен објект во близина на сибирскиот град Омск, соопштиле службени лица, пренесува „Би-Би-Си“. По несреќата, 19 лица биле извлечени живи од урнатините, додека пет се водат како исчезнати. Во објектот во моментот на несреќата имало повеќе од 300 војници. Според медиумите, зградата чиј дел се урнал, минатата година била реновирана. Сомневањата...

Исламски екстремисти убиле најмалку 30 војници

Исламски екстремисти убиле најмалку 30 египетски војници во неколку напади, меѓу кои и самоубиствен напад со автомобил­-бомба врз контролен пункт во северниот дел на Синајскиот Полуостров. Нападите биле извршени два дена по обидот за атентат врз јавниот обвинител на Египет, по што претседателот Абдел Фатах ал Сиси ветил дека ќе ги зајакне мерките против екстремистите. Нападите биле извршени јужно од градот...

Дезертирале повеќе од 10.000 украински војници

Од почетокот на кризата во Југоисточна Украина на 24 април 2014 година, дезертирале повеќе од 10.000 војници. Најмногу дезертери имало во првиот круг на мобилизација, и тоа околку 30 отсто од повиканите. Од почетокот на конфликтот во Украина имало шест бранови на мобилизација, со што бројот на украински војници се искачи од 130.000 на 232.000 до крајот на 2014 година. Многу Украинци...

Убиени 20 индиски војници

Во напад од заседа на воен конвој на североистокот на Индија, бунтовниците убиле најмалку 20 и раниле повеќе од десет војници, соопшти денеска индиската полиција. Конвојот возила е нападнат на патот од гратчето Импала, кој е главен град на државата Манипур. Во индиската држава Манипур, која се граничи со Мјанмар, се активни неколку милитантни групации. Засега ниту една не ја презела одговорноста...

Седум војници загинаа во пукање во касарна во Тунис

Во воена база во главниот град на Тунис, еден војник отворил оган на своите колеги при што убил седум војници, а потоа се самоубил, соопшти портпаролот на туниската армија. Во пукањето повредени се уште 10 луѓе. Засега не е познато што го навело војникот да пука. Заради пукањето во базата Бушиш, евакуирано е едно училиште кое се наоѓало во близина. Воените сили на...

Уапсени руски војници во Украина

Украинската војска соопшти дека уапсила двајца руски војници, кои се бореле со проруските сепаратисти на истокот на Украина. Владислав Селезнев, портпаролот на Генералштабот, изјави дека украинските безбедносни служби ги испитуваат војниците и оти се наоѓаат на пат кон Киев. Руските војници се уапсени во градот Шчастија, на самата борбена линија. Русија негира дека испраќа војници да се борат на страна на бунтовниците,...

Нападнати војници на црногорската војска

Припадници на војската на Црна Гора се нападнати од двајца неидентификувани мажи, кои истрелале неколку куршуми во нивни правец. Инцидентот се случил на военото стрелиште во местото Златица, покрај кое се наоѓаат неколку објекти во кои се чува оружје. Објектите веќе неколку години се напуштени, но ги обезбедуваат припадници на војската на Црна Гора. Инцидентот се случил на 8 мај, а...

Убиени пет украински војници

Најмалку пет украински војници се убиени, а 12 се ранети во изминатите 24 часа на истокот на Украина, соопшти портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко. Изјавата на Лисенко доаѓа неколку часа пред обновувањето на мировните преговори во Минск меѓу официјален Киев и проруските бунтовници. Четворица војниците загинале откако со оклопно возило нагазиле на мина, додека петтиот војник е убиен кај селото...

Француски војници злоупотребувале деца во Централноафриканската Република

Нова афера ја тресе Франција откако директорот за теренски операции на канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (ОН) во Женева, Андрес Компас, на обвинителството во Париз му доставил интерен извештај на ОН за сексуална злоупотреба на деца во Централноафриканската Репубилка, во која учестувале припадници на француските мировни сили, пренесуваат медиумите. Компас го доставил документот до француските...

ИД го изврши првиот напад во Пакистан – убиени тројца војници

Вооружени напаѓачи поврзани со групата Исламска држава Ирак и Левант, убиле тројца пакистански војници, јавуваат светските медиуми. Првиот напад на ИД во Пакистан го извеле десетина напаѓачи вооружени со бомби и со автоматски пушки, кои нападнале воен конвој во подрачјето Оракзаија. Еден војник е убиен во судирот, додека двајца подоцна им подлегнале на раните. Портпаролот на ИД ја презеде одговорноста и соопшти...

Во Украина убиени четворица војници

Четворица украински војници се убиени денеска на истокот на Украина, каде секојдневно се прекршува примирјето што стапи на сила во средината на февруари, соопшти полицијата во регионот Луганск. „Бунтовниците испукале противтенковски проектили во моментот кога преку еден мост поминувало возило со војници во Чачастиј, место кое е под контрола на украинската влада и кое се наоѓа на околу 15 километри од сепаратистичкото...

Иран обвинет за праќање 30.000 војници во Ирак

Курдските власти во Ирак го обвинија Иран за праќање 30.000 војници и воените експерти во борба против милитантната Исламска држава. Иран досега неколкупати ги негираше тврдењата на САД дека праќа војници во Ирак. Во август минатата година, Иран е обвинет за праќање стотина војници за преземање градот Џалавлу од ИД, додека во декември беше соопштено дека ирански борбен авион „Ф-4“...

Пентагон покрена истрага за списоците за ликвидација на ИД

Пентагон почнал истрага за заканите на сунитската екстремистичка група Исламска дражва, која се закани дека ќе ликвидира стотина американски војници, кои се борат против неа, јавуваат американските медиуми. ИД претходно на интернет објави листа на стотина американски војници, со име, презиме, фотографија и со адреса, и повика на нивна ликвидација. Џихадистичката група тврди дека податоците за американските војници ги добила со...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...