понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: владина седница | 120 резултати

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

септември 23, 2020

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства […]

Од 23 септември се враќаат на работа сите категории вработени кои досега беа ослободени

септември 14, 2020

Од 23 септември вработените лица кои се ослободени од работа, врз основа на утврдената листа на хронични болести, треба да се вратат на своите работни места и редовно да ги извршуваат работните задачи, одлучи Владата на денешната седница. Исклучок од оваа обврска се само лицата кај кои болеста е во фаза на влошување, и  оние […]

Почна рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“ (галерија)

септември 2, 2020

По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект. Екипи на ова јавно претпријатие со механизација го започнаа уривањето на бетонските столбови на дивоизградената карабина. На терен има […]

Владата одлучи градинките да се отворат на 9 септември

септември 2, 2020

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитување на деца – детски градинки/центри за ран детски развој, кое се планира да почне на 9 септември, информираат од владината прес-служба. Во наредните денови, градинките низ целата земја се должни да се подготват за работа. „Согласно […]

Владата ќе додели 50 стипендии на странци со македонско потекло за упис на државните универзитети

јули 28, 2020

Владата ќе додели вкупно 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Северна Македонија за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на Универзитетот „Гоце Делчев“ – […]

На плажа и базен со физичка дистанца, во кафулиња и ресторани на маса можат да седат и повеќе од двајца

јули 14, 2020

Владата на синоќешната седница ги донесе протоколите за работата на базените и на плажите во тек на пандемијата на ковид-19, а ја укина важноста на одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска. Новите препораки опфаќаат правила кои определуваат дека […]

Од петок ќе може да се влезе во земјава без ПЦР тест, од 1 јули аеродромите отворени за сообраќај

јуни 23, 2020

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на „Фејсбук“ објави дека владата на денешната седница одлучила од петок, 26 јуни, да ги отвори сите гранични премини за движење на патниците и возилата без приложување на ПЦР тестови за оние лица што влегуваат во нашата земја, како и без упатување во домашна изолација или спроведување на задолжителен државен карантин. […]

Владата ја изедначи цената на акцизата на екстра-лесното масло со онаа на дизелот

јуни 23, 2020

Владата на вчерашната седница донесе одлука за изедначување на акцизата на екстра-лесното масло за домаќинство со акцизата на дизел горивото. Таа донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на дизелот, кој […]

Владата со уредба им пропиша на операторите задолжително реемитување на телевизиските програми

јуни 23, 2020

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба. Заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси […]

15 јули ќе биде неработен, на 13 и 14 јули ќе гласаат болните, позитивните на ковид-19 и оние во самоизолација

јуни 16, 2020

Владата на вчерашната 68-ма седница донесе Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година. Молкот пред денот на гласање ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела. Гласањето на 15 јули ќе започне во 07 часот и ќе трае непрекинато до 21 часот. На […]

Ширењето на ковид-19 ќе се спречува со засилени контроли на полицијата и инспекцијата

јуни 9, 2020

Наместо секојдневен полициски час во периодот од 22 до 5 часот, владата на денешната седница одлучи да се воведат засилени контроли од полицијата и инспекциските служби во општините каде што има поголем број на новозаболени лица со ковид-19, се вели во соопштението на владината прес-служба. Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и […]

Владата ќе ја разгледува можноста да ги зголеми финансиските средства за граѓанскиот сектор

мај 19, 2020

На денешната седница е донесен новиот текст на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации за 2019 година, со дополнување, според кое, се предлага рокот во кој здруженијата и фондациите треба до Генералниот секретаријат да достават извештај за користење на средствата, од 30 јуни 2020 година да се продолжи до 30 ноември […]

Јавниот градски и меѓуградскиот превоз од и кон Куманово се нормализира

мај 19, 2020

Владата на денешната 55 седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, информираат од владината прес-служба. Автобускиот и железничкиот сообраќај ќе може да почне редовно да функционира од Скопје до Куманово, […]

За викендов забрана за движење и групирање по викенд населби, паркови и излетнички места

април 14, 2020

Владата на вчерашната седница донесе одлука да усвои забрана за движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и во викенд населбите, во периодот од четврток 16 април во 16 часот до 5 часот во вторник 21 април, информираат од владината прес-служба. Забраната е донесена на […]

12 печатени медиуми ќе поделат 710.000 евра субвенции за печатење и дистрибуција

февруари 5, 2020

На 12 медиуми им се распределени околу 710.000 евра од владината Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Ова било одлучено на вчерашата седница на која е констатирано дека на повикот за финансиска поддршка за 2019 година пристигнале вкупно 16 барања, од кои критериумите ги исполниле само 12 медиуми. […]

Попова Шапка: Потребни беа четири месеци готовите анализи од ЕЛЕМ да стигнат до Владата

јануари 30, 2020

Четири месеци, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и владата играа „пинг – понг“ со „Порталб.мк“ за длабинската анализа (Due Diligence) и физибилити студијата за Попова Шапка, при што едните изјавуваа дека ги доставиле анализите, а другите постојано го негираа тоа. Вчера, конечно, од владата ни потврдија дека анализите стигнале до нив на крајот од декември […]

Скопје и владата се подготвени за објавување на повикот за субвенционирање на инвертерите

јануари 29, 2020

Градските власти и владата ги прават последните подготовки пред распишувањето на повикот за доделување на субвенции за набавка на инвертер клима уреди од домаќинствата во главниот град. Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од владата за планираните […]

Владата го усвои Извештајот за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО

јануари 29, 2020

Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО – Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион, информираат од владината прес – служба. Ваквиот чекор доаѓа на неколку дена пред 1 февруари како краен рок што УНЕСКО ѝ го зададе […]

Владината комуникациска стратегија дополнета со три нови документи

декември 25, 2019

Владата на вчерашната седница го усвои дополнувањето на нејзината Комуникациска стратегија за периодот 2019 – 2020 година, која има за цел на транспарентен начин да информира за владините политики, информираат од владината прес – служба. „Комуникациската стратегија се дополнува со три документи во делот на кризните комуникации, внатрешните комуникации, како и со осум модули за […]

За анализа, проект и финансирање на „автобуско метро“ ќе треба најмалку три години

декември 6, 2019

Изработката на физибилити студијата за изводливоста од воведување на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје, како и изготвувањето на целокупната проектна документација, ќе бара подолг временски период пред реалното воведување на новото средство за јавен превоз во главниот град. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката за прибирање средства за изработка на […]

Страна 5 од 6