fbpx

Владата ќе ја разгледува можноста да ги зголеми финансиските средства за граѓанскиот сектор

-

На денешната седница е донесен новиот текст на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации за 2019 година, со дополнување, според кое, се предлага рокот во кој здруженијата и фондациите треба до Генералниот секретаријат да достават извештај за користење на средствата, од 30 јуни 2020 година да се продолжи до 30 ноември 2020 година, а Генералниот секретаријат да достави Извештај за реализација на оваа Програма до Владата со финансиски показатели и образложение на постигнатите резултати, до 31 декември 2020 година.

„Владата, денеска, го разгледа Извештајот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во 2019 година, како и информацијата за намалување на финансиските средства за поддршка на здруженијата и фондациите и го прифати укажувањето на Комисијата за политички систем на Владата, да се разгледа можноста за обезбедување дополнителни финансиски средства наменети за граѓанскиот сектор,“ се вели во соопштението на Влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...