Почна рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“ (галерија)

-

По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект. Екипи на ова јавно претпријатие со механизација го започнаа уривањето на бетонските столбови на дивоизградената карабина. На терен има и полициски службеници што ја обезбедуваат локацијата, на која се руши дивоградбата.

Инаку, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ја ангажира потребната механизација, средства за работа и вработени не само за уривање, туку и за демонтирање на бесправно изградениот објект, и тоа без надоместок кон Оштина Чаир, односно уривањето го врши од сопствени средства.

Владата вчера им препорача на Општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски, така што ќе склучат договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

„По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“, се вели во одлуката донесена на вчерашната владина седница.

Истовремено, МВР вчера поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев, на платото пред ДТЦ Мавровка.

Рушењето на дивоградбата кај Мавровка следува откако Општина Чаир цело лето ветуваше дека ќе го урне бесправно изградениот објект, но ова не се случи поради тоа што не пронајдоа компанија заинтересирана да го спроведе рушењето. Општина Чаир беше задолжена за рушење, откако претходно општинските власти побараа од инвеститорот самиот да ја сруши дивоградбата, но сопственикот не го направи тоа.

Веднаш по започнувањето на постапката за рушење, сопственикот на дивоградбата Мевљудин Алити одржа прес – конференција за новинари, на која посочи дека објектот е легален и тој е спремен на оној кој сака да му го подари. Алити се повика на членот 76 од Законот за градење, каде се вели дека за обнова на објект не е потребно одобрение за градење.

Инвеститорот во објектот – дивоградба тврди дека во катастарот е впишан објект од 330 метри квадратни, како и дополнителни 86 метри квадратни. Алити изјави дека само го обновувал објектот што беше уништен во пожар, за што имал елаборат и самото кафуле било легализирано како деловен објект. Тој најавува дека правдата ќе ја бара на суд.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...