Владата ќе додели 50 стипендии на странци со македонско потекло за упис на државните универзитети

Економски факултет, УКИМ | Фото: Арбнора Мехмети

Владата ќе додели вкупно 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Северна Македонија за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, на Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје и на Универзитетот во Тетово во студиската 2020/2021 година, одлучи Владата на денешната седница.

Исто така, донесена е и одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година.

На седницата донесен е и протоколот за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2020/2021 година.