fbpx

Владата го усвои ребалансот на буџетот, дефицитот ќе изнесува 8,4 проценти

-

Дефицитот во годинешниот буџет ќе изнесува 8,4 проценти, поради растот на расходите, најмногу од мерките за ублажување на економските последици од пандемијата со ковид-19, одлучи Владата на синоќешната седница, на која, меѓу другото, се утврди предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2020 година, кој треба да се усвои во Собранието.

„Приходната страна на буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар. Со ребалансот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и тие ќе се исплаќаат редовно. Сите мерки од пакетите 1, 2, 3 и 4 за поддршка на економијата и граѓаните во услови на здравствено-економска криза, ќе се реализираат согласно плановите до крајот на годината за ликвидност на економијата преку ликвидност на компаниите, и за зголемување на јавната потрошувачка“, соопштија од Владата.

Со кратење на непродуктивните трошоци ќе продолжи исполнувањето на обврските за доспеаните долгови и субвенции, особено во програмите за рурален развој, за образование, за заштита на животната средина и други еколошки проекти, како и за реализација на капиталните проекти.

Од Владата не соопштија колку изнесува планираниот раст на буџетот, односно на расходите, освен дека средствата што ќе недостигаат, ќе се покриваат со задолжување на домашниот пазар.

Инаку, првата верзија на буџетот за оваа година, пред почетокот на ковид кризата, беше скроена на дефицит од 2,3 отсто од бруто домашниот производ или 17,385 милиони денари, односно 282,6 милиони евра. А, со првиот ребаланс, во мај годинава, кога беше прогнозиран пад на економијата од 3,4 проценти, буџетот беше зголемен, како и дефицитот, кој порасна на 46,180 милиони денари или 751 милион евра, што претставуваше 6,4 проценти од БДП.

Пред овој донесен ребаланс, вкупните расходи на буџетот изнесуваа 242.948 милиони денари или 3,950 милијарди евра, а приходите се 196.768 милиони денари или 3,199 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...