fbpx
Таг: влада

таг: влада

МИОА: Законот за владино рекламирање е повлечен заради доработка на текстот

Владата го повлекла предлог-законот за владино рекламирање, односно за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, а причина била потребата за доработка на текстот на законот, во согласност со добиените предлози и забелешки. „Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со повеќе од 100...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака владиното рекламирање да се регулира по европски модел

Носењето на законот за владино рекламирање е дел од реформските обврски на Република Македонија, но СДСМ е против секоја реформа, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, во врска со владината одлука за повлекување на предлог-законот за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции од собраниска процедура. „СДСМ е непријател на медиумите...

Законот за владино рекламирање е повлечен благодарение на опозицијата, велат од СДСМ

Законот за владино рекламирање со кој власта сакаше да ја запечати корупцијата на медиумите со државни пари е повлечен благодарение на жестоката реакција на опозицијата, изјави попладнево на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев. „Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието спречи уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски е во очај, веќе не се срами своите политики на поткупување...

Владата го повлече од Собранието предлог-законот за рекламирање на јавните институции

Владата на денешната седница одлучила да го повлече од собраниска процедура предлог-законот за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, јавува „24 Вести“. Попладнево до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, пристигнало службено известување за одлуката на Владата за повлекување на предлог-законот. „Владата на Република Македонија на седницата, одржана на 25 август 2016 година, заклучи да се повлече од собраниска постапка предлог-законот за...

Германската влада ќе бара граѓаните да прават 10-дневни резерви со храна, вода и лекови

Германија планира да побара од граѓаните да направат резерви на храна, вода и на други продукти во случај на катастрофа или вооружен напад, јавува „Дојче веле“, цитирајќи го весникот „Франкфуртер алгемајне сонтагцајтунг“. Предлогот, кој би бил прв ваков од крајот на Студената војна, наводно, е содржан во владината стратегија за цивилна заштита. Според документот, кој требало да биде објавен в среда,...

СДСМ: Власта се задолжува за изградба на инфраструктура, а троши на споменици

Доцна е сега за Никола Груевси лажно да ветува инвестиции во патната инфраструктура. Во 21 век, после 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, населените места ширум Македонија се уште немаат пат, канализација, водовод, одвод - се вели во соопштението на СДСМ. Според опозициската партија, „Македонија денеска е единствена земја којашто ги задолжува граѓаните и идните генерации со огромни кредити за патната...

СДСМ: Со новиот предлог-ребаланс на буџетот за владата барокот е пред граѓаните

Наместо владата експресно да им излезе во пресрет на граѓаните обезбедувајќи ги потребните 33 милиони евра преку стопирање на крајно непотребната изградба на панорамското тркало и „Рајската градина“, како и пренамена на средствата во висина од 20 милиони евра веќе обезбедени од четвртата еврообврзница издадена кон крајот на 2015 година, таа скроила план за нови криминали тешки 232 милиони...

СДСМ: За исплата на штетите нема потреба од нови задолжувања

Доказ за неспособноста на оваа влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета за поплавените граѓани, дополнително планираат да земат нов кредит од меѓународни институции, се вели во соопштението на СДСМ. - И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денеска самите признаа дека не се во состојба од...

„Евробарометар“: Македонците и веруваат на ЕУ, но не на Владата и на Парламентот

Македонците имаат поголема доверба во Европската Унија, отколку во македонските институции, односно Собранието и Владата, покажа истражувањето „Стандард Евробарометар“ што го спроведе Европската комисија во земјите членки на ЕУ и во петте земји кандидатки, Србија, Албанија, Црна Гора, Турција и Македонија. Според анкетата, 58 отсто од Македонците имаат доверба во ЕУ, што е за 25 отсто повеќе од довербата што...

Откажана прославата на Денот на АРМ поради поплавите

Министерството за одбрана ги откажа сите активности околу прославата на Денот на АРМ (18 aвгуст), поради поплавите во скопскиот регион, пишува „Утрински весник“. „Поканите за прославата беа испратени еден месец однапред и во време кога не можеше ниту да се претпостави дека ќе може да се случи несреќа од такви размери. Верувајте, јас слетав од Америка истата вечер кога беше непогодата...

Владата 100 процентно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја

Владата на Република Македонија денеска усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион. Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој ги презентираше мерките, информираше дека прва мерка е обезбедување на 100 отстотно обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите. - Ова значи дека граѓаните погодени од поплавите ќе бидат обесштетени...

Трговците да ги намалат цените и да не ги злоупотребуваат поплавите, одлучи Владата

На предлог на министерот за економија, Владата на последната седница донела одлука највисоките цени на одделни производи, односно на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, да се вратат на нивото кои се применувало до 5 август 2016 година. Причина за донесување на оваа одлука, велат од Министерството за економија, биле...

Димитриев: Владата со 1,5 милиони евра авансно ќе ги обесштети поплавените граѓани

Владата авансно ќе ги обесштети поплавените граѓани во висина од 1,5 милиони евра, одлучи вчера владата на седница, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев. - На вчерашната владина седница донесовме одлука да интервенираме авансно со 1,5 милиони евра. Тие средства после ќе бидат вкалкулирани во средствата кои ќе бидат како отштета, но сметаме дека е добро авансно да се реагира бидејќи...

Словенија испратила експерт за санирање на последиците од невремето

Словенечката Влада испратила стручно лице во Македонија, кој како дел од тимот експерти на Европската Унија (ЕУ), ќе работи на координирање на активностите за отстранување на последниците од невремето кое во саботата го погоди Скопје. „Владата на Република Словенија, на седница заклучи дека врз основа на барањето на Владата на Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во...

КОНТРАСПИН: Парадирањето на Груевски е непочитување на системот

Еден ден по катастрофата што му се случи на Скопје и во која загинаа над 20 лица, Никола Груевски, во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на терен во погодените подрачја, направи неколку извртувања на вистината, пишува Вистиномер. Груевски таму се упати откако заедно со премиерот Емил Димитриев се вратија во земјата прекинувајќи ги одморите – првиот во Турција, вториот во...

Груевски од Турција се врати како врховен командант, премиер и претседател на држава

Прeтседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го прекина одморот во Турција, како што известија медиумите, „со цел да помогне во справување со тешките последици од невремето“ и да „изврши увид на терен“. Во катастрофа и трагедија од такви размери, секоја помош е непроценлива и добредојдена, но со запазување на основите на уредувањето на државата, а она што вчера можеше...

Владата прогласи Ден на жалост и кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата на вечерашната вонредна седница донесе одлука за прогласување на 8 август за Ден на жалост на Република Македонија, како и одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и во тетовскиот регион, кој најмногу беа погодени од невремето, соопштија доцна вечерва од Владата. На седницата донесена е и одлука за доделување на еднократна парична помош во висина од 300.000...

Град Скопје ќе им додели по 3.000 евра помош на семејствата на загинатите во невремето

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи на семејствата на загинатите во невремето кое вчера попладне го зафати Скопје и околината, да им биде дадена еднократна парчина помош од 3.000 евра (180.000 денари). Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на седницата која започна со едноминутно молче за загинатите лица во невремето, ги презентираше мерките што градските власти ги преземаат...

Вонредна седница на Владата, ќе се прогласи кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата за попладнево закажа вонредна седница на која се очекува да биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба во Скопско и Тетовско, кои се најмногу погодени од вчерашното невреме. На седницата Владата, исто така, треба да донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост за жртвите од невремето. По денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување...

Србија ја обвинува Македонија за вонцарински бариери и најавува мерки на реципроцитет

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека со одлуката на македонската влада за поскапување на фитосанитарните уверенија за увоз на пченица во Македонија, нашата држава вовела вонцаринска бариера кон Србија и најави можност од воведување на мерки на реципроцитет. Љајиќ за агенцијата „Бета“ вели дека одлуката на македонското Министерствот за земјоделство, со која цените за...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...