fbpx
Таг: влада

таг: влада

Беџети: Владата треба да функционира технички, а не да носи стратешки одлуки

Владата донесе одлука за нов проект за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас за која информираше викендов, а од СДСМ сметаат дека на помалку од три месеци до изборите, власта се обидува да споведе еден од најскандалозните корупциски тендери и во предизборие да дава концесија на 30 години. Во овој момент, владата нема никакви законски пречки да спроведува големи стратегиски одлуки...

Пратениците денеска на пленарна седница ќе расправаат за предлог-ребалансот на буџетот

Собранието денеска во рамки на 117. седница треба да почне расправа за новиот ребаланс на буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава. Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) и од 344,4...

СДСМ: Пред избори Груевски сака да додели концесија за изградба на гасовод на 30 години

СДСМ денеска преку соопштение предупреди дека Владата се обидува да спроведе еден од најскандалозните корупциски тендери во десетгодишниот мандат. Од опозициската партија велат дека власта на Груевски во предизборие сака на компанија да ѝ додели концесија на 30 години за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас. „Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да ѝ даде 30-годишен бизнис...

Министерство за финансии ќе го достави новиот буџет до Владата

Министерство за финансии ќе го достави буџетот за 2017 година до Влада денеска или во понеделник, најавил министерот за финансии Кирил Миновски во телевизиска дебата на која гостувал заедно со дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов. Од Министерство за финансии се уште официјално не ја потврдуваат оваа информација. Информацијата дека е можно вадата да предложи да се донесе буџетот на два месеци...

Македонски феномен: Никој не знае (или не кажува) кога и дали Владата има седници

Јавноста во Македонија воопшто не знае дали и кога Владата заседава, што одлучува и кога вообичаено има седници. Многу ретко има соопштенија од типот „Владата на денешната седница донесе одлука... “ или „Владата денеска расправаше...“, а никогаш најави дека, на пример, „Владата утре...“. Зошто Владата не објавува соопштенија од седници и кога тие се одржуваат го прашавме и нејзиниот портпарол, Александар...

Тетовските гимназијалци продолжуваат со бојкотот на наставата

Бојкотот на наставата на учениците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово продолжува. Советот на родители на денешниот состанок го одби предлогот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, учениците да се вратат на настава во Работничкиот универзитет во градот, сè додека не се најде трајно решение за просторниот проблем на гимназијалците. Од советот не се откажуваат од барањето децата да...

Стапката на невработеност во Канада се зголемила на 7 проценти

Во Канада во август се отворени 26.000 нови работни места, додека стапката на невработеност се зголемила за седум проценти, покажуваат податоците на канадската влада. „Зголемувањето на невработеноста се случи бидејќи повеќе луѓе учествуваа на пазарот на трудот,“ се наведува во соопштението на канадската статистичка канцеларија, а пренесуваат светските агенции. Зголемувањето на стапката на невработеност се случува во тешки времиња за канадската економија,...

Бугарија ќе го смени својот кандидат за генерален секретар на ОН

Бугарската влада најверојатно ќе ја поддржи номинацијата на Кристалина Георгиева, актуелна еврокомесарка за буџет и за човечки ресурси, за генерален секретар на Обединетите нации, на местото на актуелната кандидатка, Ирина Бокова, велат владини извори во Софија. Ова, според најавите, најверојатно ќе се случи во вторник следната недела, за кога е закажан вонреден министерски состанок, а за истиот ден е најавена...

Сириската влада обвинета за употреба на хлорин во предградие на Алепо

Сириските власти се соочуваат со обвинувања дека со хеликоптери фрлиле буриња-бомби кои содржеле гас хлорин во предградие на Алепо. Во нападот, како што пренесува „Би-би-си“, повредени биле 80 лица. Волонтери од службите за итна помош изјавиле дека луѓето имале тешкотии со дишењето по нападот на областа Сукари. Засега извештаите за употребата на хлорин немаат независна и официјална потврда. Истрагата на Обединетите нации...

Собранието ги изгласа министрите на СДСМ во преодната влада

Пратениците во Собранието денеска ги изгласаа двајцата министри од СДСМ во преодната влада, предвидена во Договорот од Пржино. За Оливер Спасовски, кој ќе биде министер за внатрешни работи, и за Фросина Ременски, која ќе биде министерка за труд и социјална политика, гласаа 95 пратеници, а двајца беа против. Претседателот на владата, Емил Димитриев, кога ги предложи новите министри рече дека крајно...

Рокот за пријавување штети од поплавите е продолжен до 7 септември

Владата го продолжи рокот за пријавување штети од страна на жителите од поплавените подрачја, па наместо до денеска, граѓаните ќе може да пријавуваат до среда, 7 септември, информира Општина Гази Баба. Тие треба да ја пријават штетата што невремето на 6 август ја предизвика на имотот, моторните возила, земјоделските површини и на сточниот фонд. - Сите лица од поплавените подрачја што ги...

ФРОДЕМ: Со предлогот за нов министер на МВР, Груевски го прекрши договорот за избори

Не поминаа ниту 12 часа од постигнувањето на договорот за избори, Никола Груевски го покажа своето вистинско лице и неговото сфаќање за „фер и демократски“ избори, се вели во реакцијата на Фронтот за демократската Македонија (ФРОДЕМ) во врска со денешната одлука на Владата за избор на нов министер за внатрешни работи и за разрешување на директорите на Бирото за...

Пријавувањето на штетите од поплавите ќе се врши до петок

Жителите од поплавените региони ќе можат до 6 септември да ги пријават настанатите штети, соопшти денеска Владата. - Краен рок за пријавување на настанатите штети, односно на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд, од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци,...

Собранието ги усвои измените на Законот за буџет

Со 47 гласови „за“ и со 23 „против“, Собранието по скратена постапка го донесе законот за изменување и за дополнување на Законот за буџет во рамки на 114. седница. Новина е тоа што Владата во време на непогоди ќе одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот, без одобрение од Собранието, односно без да се прави ребаланс. „Во случај на постоење на...

Чавков: Владата бара правни механизми за да даде поддршка на барањата од Турција

Владата бара начин како да ги исполни барањата на Турција за затворање на фирми и на училишта поради нивната наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за пуч минатиот месец. Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се бараат правни механизми за да се даде поддршка на...

СДСМ: Додека беше премиер, Груевски изгради само седум километри автопат

„Десет години Никола Груевски седеше во премиерската фотелја и успеа да изгради само седум километри автопат. Четири години досега се гради автопатот Демир Капија – Смоквица, за кој граѓаните денеска слушнаа дека ни овој септември нема да биде готов“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него, исто така, се додава дека Груевски е најдиректниот виновник за нерешените елементарни потреби на луѓето. „Под...

Во поплавените подрачја ќе се врши вонредна дезинсекција

Градот Скопје ќе ја изврши теренска дезинсекција во поплавените подрачја по барање од Министерството за здравство, а по претходно донесен заклучок од Владата. Вонредната дезинсекција против комарци ќе се изврши утре од 23 до 2 часот по полноќ.

МИОА: Законот за владино рекламирање е повлечен заради доработка на текстот

Владата го повлекла предлог-законот за владино рекламирање, односно за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, а причина била потребата за доработка на текстот на законот, во согласност со добиените предлози и забелешки. „Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со повеќе од 100...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака владиното рекламирање да се регулира по европски модел

Носењето на законот за владино рекламирање е дел од реформските обврски на Република Македонија, но СДСМ е против секоја реформа, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, во врска со владината одлука за повлекување на предлог-законот за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции од собраниска процедура. „СДСМ е непријател на медиумите...

Законот за владино рекламирање е повлечен благодарение на опозицијата, велат од СДСМ

Законот за владино рекламирање со кој власта сакаше да ја запечати корупцијата на медиумите со државни пари е повлечен благодарение на жестоката реакција на опозицијата, изјави попладнево на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев. „Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието спречи уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски е во очај, веќе не се срами своите политики на поткупување...