Откажана прославата на Денот на АРМ поради поплавите

Министерството за одбрана ги откажа сите активности околу прославата на Денот на АРМ (18 aвгуст), поради поплавите во скопскиот регион, пишува „Утрински весник“.

„Поканите за прославата беа испратени еден месец однапред и во време кога не можеше ниту да се претпостави дека ќе може да се случи несреќа од такви размери. Верувајте, јас слетав од Америка истата вечер кога беше непогодата во 20 часот, а веќе во 21 часот имавме вонредна седница на Влада. Цело време сум ангажиран околу поплавите и навистина не ни е дојдено до прослави“, изјави Јолевски за „Утрински весник“.