fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Контраспин: Бојкотот на собраниската комисија „за бомбите“ како протест поради ускратена јавност е спин

Ако цело време додека траат заканите за бомби ВМРО-ДПМНЕ комуницира со јавноста дека за тоа е виновна неспособноста на власта и некапацитетноста на МВР, а во исто време бараат подетални информации кои кога имаат шанса да ги добијат ја бојкотираат седницата, само затоа што биле класифицирани како државна тајна, тогаш оваа недоследност, претставена како протест поради ускратена јавност, може...

Дезинформација е дека деца во училиште во Аеродром требало да се облекуваат како спротивниот пол

Наводите во непроверената вест за некакви наводно планирани активности во училиште во Аеродром, се пласирани како вистинити, со цел почнување хајка против градоначалникот на Аеродром дека спроведува некаква индоктринација за учење на децата дека не постојат родови, дека мажите можат да бидат жени и обратно. Не е точно дека раководството на училиштето им наложило на децата да дојдат...

Воздухот е загаден, ама не нè „запрашуваат“ со авиони

Воздухот во земјава е загаден до ниво да се препорачани посебни превентивни мерки за населението да се заштити од штетните последици, меѓутоа не е точно дека тоа е на каков било начин поврзано со контрејлс, трагите што авионите ги оставаат позади себе поради кондензацијата. Дополнително, не е точно дека во земјава народот е болен поради запрашување со авиони, како...

Смртта на пејачот Масимо Савиќ не е поврзана со вакцината, ниту со срцев или мозочен удар

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот, при што се прави чуден линк меѓу смртта на пејачот Масимо Савиќ со неговите ставови за вакцинацијата. Тоа што пејачот бил поборник за вакцинацијата, не го прави припадник на „сатанисти и глобалисти“. Неговата смрт не е поврзана ни со срцев удар, ни со мозочен удар, туку е поради канцер на белите...

Со измислена изјава се стигматизира невладината ХЕРА

Не е вистина дека ХЕРА се залага за нормализирање на порнографијата, во постот се пласира измислена изјава која ХЕРА никогаш не ја дале. Сите ставови на ХЕРА се однесуваат на сексуална работа помеѓу возрасни лица, а не за деца. Сексуално преносливите болести и абортусот не корелираат ексклузивно само со сексуалната работа, туку можат да се случат кај која било...

ТОП 5 дезинформации за војната во Украина во 2022 година

Војната во Украина, покрај тоа што произведе големи страдања, воени и цивилни жртви, стотици милијарди долари унитшена инфраструктура, таа произведува и редовен наплив на дезинформации. Значителен дел од нив пристигнуваат и во С. Македонија со цел да ги замаглат фактите и да му помогнат на Кремљ во борбата за јавното мислење во земјава, пред сѐ, за да ја оправда...

Контраспин: Апасиев без аргумент спинува дека народот е проруски

Резултатите од истражувањата на јавното мислење, колку и да се со стапици, сепак остануваат еден од најрелевантните аргументи кога се искажуваат ставови за мислењата или ориентираноста на граѓаните. Од неколку анкети може да се констатира дека постојат проруски чувства во РСМ , тие не се за занемарување, но исто така, факт е дека мнозинството од граѓаните сепак се прозападно...

Фиктивно сценарио за пандемија извадено од контекст

Во конкретниот случај се работи за монтажа на фиктивно сценарио за пандемија со вистински интервјуа од Бил Гејтс. Прикажан е видеоматеријал за симулација на пандемија во кој се презентира како би изгледало справувањето со пандемијата и како тоа би било објавувано на вестите, а во горниот десен агол од мониторот е испишано дека станува збор за фиктивно сценарио....

Не е точно дека повеќе од 70 проценти од Македонците се против ЕУ и НАТО

Наспроти тврдењата во постот анкетата на ИРИ покажа силна поддршка за членството во ЕУ, и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021. Седумдесет и три проценти од Македонците сакаат да се приклучат кон Европската Унија, додека дваесет и четири проценти преферираат да не се приклучат. На прашањето: Дали го поддржувате членството на Северна Македонија во НАТО? седумдесет...

Доктор неосновано тврди дека вакцината на Фајзер содржи микрочипови

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто, наспроти она што го тврди д-р Никсон. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија...

Мекото влијание на Кина за долгорочно позиционирање во регионот

И покрај растечкото влијание во регионот, Кина најверојатно нема да ја замени ЕУ, политички или економски, ниту пак, НАТО како воено-безбедносен партнер на Балканот. Пекинг ја игра долгата игра и нема да влезе во отворена конфронтација за регионот, но затоа ќе продолжи да ги користи финансиските и економските лостови за да го зголемува своето влијание. Во анализата  на Европскиот...

Старо видео манипулира дека невакцинираните во Аргентина не можат да извадат пари од банкомат 

Постот е манипулативен, видеото споделено во него е снимено во Аргентина на почетокот на јануари, кога таму за влез во објекти бил задолжителен вакцинален сертификат, мерка којашто важела и за банките, но и за многу други јавни објекти и настани.  Исто така, на Аргентинците кои не се вакцинирани не им било забрането да вадат пари од банкомати, во конкретниот случај...

Ортопедски хирург неосновано тврди дека мРНК вакцините се штетни и дека треба да се суспендираат

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат тромбови, како што се тврди во постот. Светската здравствена организација официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести. ЦДЦ, исто така, официјално објави дека...

Респираторните вируси кај децата не се последица на труење од воздухот

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“ сега воскреснува во контекст на респираторниот синцициски вирус, но и други респираторни вируси кои изминатиот период ги наполнија болниците. Тоа, според лекарите, се должи на „заспаниот имунитет“ кај децата поради ковид-пандемијата, кога сите деца носеа маски и беа на онлајн настава, односно немаа многу физички контакти. Тие велат дека главно пренесувањето на синцициски вирус...

КАМ маркети не доделуваат парични награди ако напишете „ЈАС“ во коментар

Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребува името, брендот и логото на КАМ маркет. Компанијата објави демант дека не се работи за нивна наградна игра, ниту пак, има некаква поврзаност со КАМ маркет. „За да бидете сигурни дека сте на вистинската страница на брендот, барајте ја т.н. СИНА ЗНАЧКА до името, која потврдува дека се работи...

Вакцините не се најголемото убиство во историјата на медицината

Во постот неточно се тврди дека вакцинацијата е најголемото убиство во историјата на медицината. Во САД, на пример, се пријавени само мал број на смртни случаи  после вакцинација, а Центарот за контрола и превенција на болести не најде линк меѓу тие пријави и двете дози вакцина. Постот, исто така, инсинуира дека вакцините не се безбедни за бремени жени. Повеќе...

Хитлер бил „личност на годината“ на Тајм, но поради неговото негативно влијание

Тврдењето дека изборот на Хитлер за „Човек на годината“ на „Тајм“ покажува дека историјата се повторува и дека како по учебник се повторуваат настаните, правејќи споредба со прогласувањето на Зеленски за личност на годината,  нема никаква врска со реалноста. Тајм објасни дека критериумите за избор се засноваат на влијанието – добро или лошо – што таа личност го има...

Изгубени во преводот: Баленсијага не значи „Баал е крал“, модниот бренд нема никаква врска со сатанизмот

Заговорнички групи на социјалните мрежи кои до своите „докази“ дошле преку Гугл транслејт, го обвинија модниот бренд Balenciaga дека го велича сатанизмот. Ваквите обвинувања ги поттикна  режисерот и продуцент со претензии за политичка кариера во САД (во републиканскиот тим) Роби Старбак, кој го внел името Balenciaga во Гугл транслејт како „Baal enci aga“, и како што вели неговиот превод...

Обврската за транспарентност важи и за скопска Апелација

Вицепремиерката Славица Грковска има право кога вели дека обврската за транспарентност не може да биде адресирано само на Владата, на пратениците, туку и на адреса на правосудството. Оттука и нејзината изјава во врска со соопштението на Апелациониот суд во Скопје за случајот Таргет-Тврдина го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Потпретседателката на Владата задолжена...

Проблемот е покомплексен: Прекумерната смртност не е резултат на вакцинацијата против ковид-19

Споредбата на вакциналната покриеност со бројките на прекумерна смртност не сугерира дека има поврзаност меѓу нив. Ако вакцината предизвикала смртноста да расте, би се очекувале две корелации. Првата е дека што повисока е покриеноста на вакцината во одредена земја, толку повисока би била и стапката на прекумерна смртност. Втората е дека би растел бројот на смртните случаи како што...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...