fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Земјотресите во Турција и Сирија не се предизвикани со ХААРП

По катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, на социјалните мрежи се појавија нови теории на заговор кои без никакви докази инсинуираат дека катастрофалниот земјотрес бил на вештачки начин создаден од САД со користење на ХААРП технологија. Наспроти ваквите тврдења, ХААРП е програма која ги истражува својствата и однесувањето на јоносферата, а научниците и метеоролозите велат дека не може да...

Петте најупотребувани дезинформациски наративи околу Украина ја извртуваат сликата за „жртвата и агресорот“

Пред неколку дена во Брисел беше објавен Првиот извештај за манипулација со странски информации и закани од мешање од страна на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАS), во кој за периодот октомври-декември 2022 г. биле идентификувани 100 такви инциденти, при што најголемиот дел доаѓале од Русија, а потоа помал дел и од Кина. Во него се групирани и петте...

Русија не го прогласи доларот за невалидно платежно средство

Се пропушта контекстот кога се тврди дека Русија го прогласила доларот за невалидно платежно средство.Во Русија има недостаток на долари во кеш, поради што го има ограничено лимитот на долари коишто може да се вадат од банките. Инаку,  во Русија и пред воената инвазија платежната валута што можеше да биде користена во платниот промет беше рубљата, односно во менувачници може...

Нема докази дека проектот ХААРП го предизвикал земјотресот во Турција

ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви...

Наративот кој има за цел да создаде анти-НАТО и анти-ЕУ расположение на Косово

Фотографија од филмот „Тврдина на војната“, во која може да се види мало девојче во близина на нејзината убиена мајка, е споделено во неколку објави на Фејсбук и Твитер, и истата се поврзува со бомбардирањето на НАТО во поранешна Југославија. Во објавите лажно се пишува дека фотографијата е направена за време на бомбардирањата на НАТО, пренесува „Вистиномер“.   Мисијата на Русија...

Само премиерот вози по нови 1.300 километри патишта

Објавата на претседателот на Владата,  Димитар Ковачевски во која вели дека во последните пет години во земјата се изградени 1.300 километри нови патишта,  во нашата македонска реалност прозвучува чудно, па дури и смешно. Излегува дека годишно се граделе по 260 километри, или секоја недела по 5 километри?! Вистиномер побара од Владата попрецизна информација кои патишта се изградени во споменатиот...

Нема докази дека Тајланд ќе ги поништи договорите со „Фајзер“

Видеото споделено во постот што го рецензираме е скратено и тоа во клучни делови, а со тоа е променет и контекстот. Вистиномер го пронајде целосното интервју со професорот Бакди може да се види на следниот линк, во видеото тој вели дека разговарал со тајландски активисти, а не со официјални лица на Тајланд. Тврдењето дека вакцината на „Фајзер“ никогаш...

Коронавирусот е изолиран многупати во повеќе различни земји

Изјавата на доктор Ву Цунју во видеото од постот што го рецензираме е извадена од контекст, односно таму тој зборува дека во конкретни примероци земени од пазарот во Вухан на почетокот на пандемијата  не го изолирале, односно не го нашле вирусот, а не дека воопшто не го изолирале коронавирусот. Во друг видеоматеријал од 8 декември 2020 година, истиот доктор...

Не е точно дека Стенли Мајер измислил автомобил кој се движел на вода и бил убиен поради тоа

Тврдењата изнесени во постот дека Стенли Мајер измислил автомобил кој се движи на вода и дека подоцна бил убиен поради тоа, се неточни, стари и истите циркулираат подолго време, а биле дебанкирани во повеќе наврати. Автомобилот не може да се движи на вода, бидејќи водата не е гориво. Мајер не бил убиен или отруен како што се тврди во...

Големиот ресет нема да доведе до смртна казна и судења за неговите промотори

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Големиот ресет (The great reset) претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да соработуваат и симултано да ги менаџираат директните последици од кризата предизвикана од ковид-19. Од видеоматеријалите на страницата на СЕФ, може да се види дека големиот ресет се фокусира на низа теми, меѓу кои образованието, превенција...

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не дозволуваат напад на Русија врз Украина

Текстот на Повелбата на ОН содржи сосема спротивни принципи од она што се тврди во објавата на Фејбук. Не е точно дека Русија може да ја нападне Украина и дека само треба да ги извести победничките сили од Втората светска војна за таквиот чекор. Оваа дезинформација не потекнува од С. Македонија, туку претходно се споделувала и ширела во други...

Контраспин: Левица формално не е против зачленување во ЕУ, ама суштински е

„Не во ЕУ по секоја цена“ поради „тектонски геополитички промени“ и поради „губење на интегритет и суверенитетот на земјата“ со сите договори досега. Така вели членката на Президиумот на Левица Јована Мојсоска. Ако во исто време не се кажува јасно алтернативата, која, нели, „секогаш ја има“,  Левица ја извртува вистината дека е само анти НАТО, а не и анти...

Нема докази за производство на пластичен ориз

Видеото што се споделува во постот не е од производство на пластичен ориз, туку реклама за машина за ориз збогатен со микронутриенти. Вистиномер го пронајде оригиналното видео што е објавено на страницата на компанијата „СанПринг“ – производител на опрема за машинска обработка на ориз и други прехранбени производи. Од нивниот Јутјуб канал е евидентно дека имаат разни машини и...

Не е точно дека Германија ја води „својата трета светска војна“ против Русија

Германија не е страна во војната којашто Русија ја започна со Украина. Тоа го потврдува интернационалното право – да се стане страна во воениот конфликт бара формална декларација за војна или директно учество во специфични борбени операции. Од германската амбасада во Москва се децидни дека „помагањето на Украина да го одржи правото на самоодбрана против руската нелегална војна и агресија...

Не е вистина дека земјотресот во Турција не е природен

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер ја погоди јужна Турција рано во понеделникот, предизвикувајќи големи штети и убивајќи илјадници луѓе таму и во соседна Сирија. На социјалните мрежи набргу по земјотресот се ширеа теории на заговор дека тој не бил предизвикан од природата. Таква е и објавата што е предмет на оваа рецензија, којашто освен што неточно...

Не е точно дека вакцините се опасни и дека се најголема измама на светот

Имунизацијата претставува еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и е најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка, која директно придонесува за намалување на морбидитетот и морталитетот од заразните заболувања. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу...

Контраспин: „Крокодилските солзи“ на Мицкоски за барикадите пред Св. Спас се спин

На 4 февруари пред и во Св. Спас кога се одбележуваше годишнината од раѓањето на Гоце Делчев немаше ниту еден инцидент. Сè друго, дали летал хеликоптер, дронови или имало две наместо една или ниедна барикада… се работи на проценка на безбедносни експерти во институциите, а разочараноста што поради тоа ја изрази Христијан Мицкоски „се крокодилски солзи“ и чист спин,...

Твит од лажен профил претставен како да доаѓа од министерот Оливер Спасовски

Твитот споделен во постот е од лажен профил којшто го злоупотребува идентитетот на министерот Оливер Спасовски. Истиот повеќе не е активен поради пријави од Твитер заедницата дека е лажен. И од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека станува збор за лажен Твитер профил од кој бил споделен овој твит. Официјалниот Твитер профил на министерот Спасовски може да...

Не е вистина дека вирусите настануваат од распаѓање на болните клетки во телото

Вирусот е заразен микроб кој се состои од сегмент на нуклеинска киселина (или ДНК или РНК) опкружен со протеинска обвивка. Името потекнува од латинскиот збор што значи „лигава течност“ или „отров“. Вирусот заразува клетки на телото, а не се создава од веќе постоечки болни клетки на телото кои се распаѓаат, како што неточно се тврди во објавата којашто е...

Се засилуваат про-Кремљ дезинформациите: Сите освен Русија се „нацисти“!

Кремљ со засилена брзина го проширува кругот на „нацистите“. Прво започна од украинските власти, а сега продолжи да го етикетира целото население и секој што ја поддржува Украина. И додека Украина продолжува да ги ослободува окупираните територии, реториката на руската страна во контекст на нацизмот се зацврстува и станува сè поекстремна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...