fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Брендови на македонски и странски маркети злоупотребени во лажни наградни игри

На две посебни страници на Фејсбук, креирани се две лажни наградни игри, едната со злоупотреба на Биг Маркет, а другата со злоупотреба на брендот на КАМ маркет. Целта на нивното креирање е да се собираат на личните податоци од страна на корисниците на Фејсбук кои ќе наседнат, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме две објави...

Змијата во логото на СЗО нема поврзаност со христијанството

На оваа објава ѝ недостасува соодветен контекст, па како таква врши манипулација на корисниците на социјалните мрежи и ги наведува да донесат погрешен заклучок. Змијата, иако во дел од христијанските верувања е симбол за нешто лошо, сепак во логото на СЗО е поради поинаква причина. Амблемот на СЗО бил избран од страна на Првото Светско здравствено собрание во 1948...

Објава на Фејсбук ја прикажува смртта на актерот Душко Костовски како нова вест

Очигледно е дека целта на постот била да се привлечат што е можно повеќе кликови и реакции на Фејсбук, па поради тоа и веста е суптилно пренесена да делува како да е нова. Никаде во постот не се спомнува дека станува збор за сеќавање на смртта на актерот Душко Костовски, или пак дека поминале 28 години од неговата...

Не постои ковид план за убивање 6.5 милијарди луѓе, освен во имагинацијата на Кју анон

Не е вистина дека болеста ковид-19 е испланирана од некого за се убиваат луѓе. Вирусот што  предизвикува заболување од ковид-19 постои, а појавата на мутации е нормална и очекувана. Ниту имало ковид план за депопулација, ниту пак, некој бил уапсен од некаква војска за да се спречи таков непостоечки план. Профилот од кој се споделува оваа дезинформација, е познат...

Видео од претседателот Џо Бајден и неговата внука Натали, извадено од контекст

Во постот што го рецензираме презентирано е видео од агол од којшто се добива впечаток како претседателот Бајден да се однесува непристојно. Дека презентираното во клипот од постот не соодветствува на реалната ситуација покажува видеоматеријал од над 10 минути, во кој комплетно е презентирано доаѓањето на Бајден со внука му на гласачкото место, гласањето како и неговата изјава пред...

Регистар на руски шпиони идентификува 42 лица уапсени додека делувале во Европа

Регистар на руски шпиони во Европа објавен на Твитер, идентификува 42 лица, кои делувале во своите земји, за што добивале пари од Руската Федерација. Овој регистер е оформен врз основа на отворените податоци и информации за апсења или судења на овие идентификувани руски шпиони за изминатите пет години, , пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Бугарија...

Измислена вест за уапсена бугарска пејачка во Македонија се споделува како да е вистинита

Станува збор за измислен настан, но никаде, ниту во споделената вест на Фејсбук, ниту во насловот, ниту пак во текстот, тоа не е наведено, со што читателите можат да бидат доведени во заблуда. Во објавениот текст, авторот, повикувајќи се на високи извори на МВР, пишува дека е уапсена пејачка од Бугарија која пеела без дозвола во земјава. Ова, како...

Контраспин: Причините за блокадите се во Софија, а не во Скопје

Иако може да се дискутира за техниката на водењето на македонската политика во секојдневните односи со Бугарија, причините за новите блокади не се во Скопје, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Бугарија има свои цели што сака да ги оствари во рамките на билатералните односи со РСМ, користејќи го притоа и евроинтеграцискиот процес и факт е дека во тие цели спаѓа...

Не е точно дека западните медиуми повикуваат на геноцид на сите Руси

Овој пост е со пропуштен контекст. Точно е дека Меланија Подолијак го напишала твитот, но подоцна тој е отстранет поради злоупотреба на правилата на Твитер. Наспроти изнесеното во постот, нејзините ставови на Твитер не се поврзани со нејзините гостувања во западните медиуми. Прво, тие гостувања биле неколку месеци пред објавениот твит и второ, гостувањата се однесуваат на нејзините ставови...

Лажно се прикажува дека Бил Гејтс ќе ја вакцинира храната со мРНК

Глобалната академија за агрикултура и безбедност во храната, која е злоупотребена во постот, се одржала во 2018 година, кога немаше ни ковид, ни вакцини. Не е точно дека Бил Гејтс во својот настап кажал дека ќе се вакцинираат животните со мРНК. Тој вели дека ќе им се помага на животните да преживеат или со вакцинација или со подобрување на...

Не е вистина дека пред еден месец Македонец бил убиен во Бугарија

Медиумската објава што се споделува е стара еден месец, кога повеќе портали објавија непотврдена информација дека македонски спортист бил убиен во Бугарија. Но, оттогаш помина еден месец, а за тоа време се дозна и вистинската причина за смртта на момчето. Неговото семејство потврди дека тој не бил убиен, туку дека починал од срцев удар, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Автопатот Кичево-Охрид напредува со чекор на желка, по еден километар годишно

Премиерот Димитар Ковачевски деновиве на социјалните мрежи во пропагандно видео, во чиј опис стои дека „во последните пет години се изградени 1.300 километри нови патишта“, меѓу другото се пофали и дека е изграден автопатот Кичево – Охрид долг 57 километри. Но, реалноста е поинаква, од автопатот што изминативе девет години го градеа три влади, една предводена од ВМРО-ДПМНЕ и...

Патентот на Мајкрософт воопшто не се однесува на инјектирање микрочипови кај луѓето

Апликацијата за патент споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови. Овој патент уште не е одобрен. Во патентот воопшто не се споменува дека секој треба да има чип на десната рака или на челото, како што невистинито се тврди во постот. Патентот не се однесува...

Кусото приведување на Грета Тунберг не било инсценирано од медиумите

Грета Тунберг беше приведена на 17 јануари во западна Германија, каде неколку дена по ред имаше протести против проширување на рудник за јаглен. На снимка која беше објавена од нејзиното приведување, се гледа како германската интервентна полиција ја носи 20-годишната Тунберг. Откако ја однесоа, Грета насмеана им позирала на насобраните фоторепортери додека еден полицаец ја држи за рака. Портпаролот...

Учесниците на состанокот во Давос не планираат каде ќе има војни, болести и глад

Не е вистина дека на состанокот во Давос се дискутира за тоа каде во иднина да се креираат војни, болести и глад. На состаноците на Светскиот економски форум се дискутира за предизвиците со кои се соочува светот, за веќе актуелни и постоечки проблеми од глобален карактер. Во врска со делот од постот каде учесниците во Давос се поистоветуваат со...

Пост на социјалните мрежи шпекулира со хеликоптерската несреќа во близина на Киев

Постот шири паушални информации за хеликоптерската несреќа во Бровари, во близина на Киев. Сè уште нема официјални податоци зошто хеликоптерот се сруши. Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека е започната истрага за причините кои довеле до несреќата и штом ќе бидат добиени првични официјални информации, истите ќе бидат споделени со јавноста. Значи, сè уште е рано да се каже...

Путин ја обнови главната дезинформациска мантра – војната ја почнала Украина, а Русија војува за мир

Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на два одвоени настана во Санкт Петерсбург, ја обнови главната дезинформација што ја шири Москва како оправдување за нејзината агресија врз Украина што започна на 24.02.2022 година: за војната се виновни Украинците затоа што од превратот во 2014 година трае геноцидот врз руското население во Донбас, па на Русија не ѝ остана ништо друго...

Објава на социјалните мрежи манипулира за девизните резерви на Русија

Во објавата се тврди дека за неколку дена резервите на руската Централна банка пораснале за 4,5 милијарди долари и дека таа во јануари имала девизни резерви во висина од 582 милијарди долари.  Она што е прескокнато да се каже во оваа објава е дека повеќе од половина од овие средства Русија не може да ги користи. Околу 300 милијарди...

Нема докази дека учесници на СЕФ барале невакцинирани пилоти да ги донесат во Давос

Тврдењето дека богатите елити барале невакцинирани пилоти да ги носат во Давос, во случајов потекнува од интервју со поранешниот пилот Алан Дана, кој раскажува информација од втора рака, којашто наводно му била кажана од основачот на Фридом Флајерс, Џош Јодер. Но, Јодер на Твитер негираше дека некогаш сугерирал дека СЕФ ги бара баш овие пилоти или дека кој било...

Џил Бајден не се вакцинирала 18 пати против ковид, вакцините немаат никаква врска со ракот

Постот што го рецензираме пласира неточни информации. Прво, не е точно дека првата дама на Америка е вакцинирана 18 пати против ковид, и второ, вакцината против ковид нема никаква врска со појавата на рак на кожа кај неа. Вакцините против ковид не предизвикуваат рак и тие се препорачуваат за луѓето со малигни заболувања, како би се заштитиле од тешки...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...