fbpx

Видео од претседателот Џо Бајден и неговата внука Натали, извадено од контекст

-

Во постот што го рецензираме презентирано е видео од агол од којшто се добива впечаток како претседателот Бајден да се однесува непристојно. Дека презентираното во клипот од постот не соодветствува на реалната ситуација покажува видеоматеријал од над 10 минути, во кој комплетно е презентирано доаѓањето на Бајден со внука му на гласачкото место, гласањето како и неговата изјава пред гласачкото место. На видеото од постот не може да се види дека Бајден лепи налепница на облеката на девојката и не се кажува дека таа му е внука, па се добива погрешен впечаток дека тој се однесува несоодветно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува видео од претседателот на САД, Џо Бајден, а во склоп на видеото се вели:

Не сакам ни да ја знам вистината за Бајден. Страшно...

Клипот од аголот од кој е снимен, создава лажна импресија дека Бајден ја допира млада девојка на несоодветен начин.  Материјалот на начинот на којшто е презентиран, е изваден од контекст.

За што станува збор?

На 29 октомври 2022 година, претседателот на САД, Џо Бајден и неговата 18 годишна внука Натали, гласаа на избирачко место во Вилмингтон, Делавер.

Неговата внука, која го придружуваше во остварувањето на граѓанското право, гласаше за првпат. Натали има 18 години и е ќерка на неговиот најстар син Бо Бајден, кој во 2015 година почина од тумор на мозокот.

Фотогалеријата од настанот на кој Џо Бајден и внуката Натали гласаа на 29 октомври 2022 година, може да се погледне на следниот линк.

Дека презентираното во клипот од постот што го рецензираме не соодветствува на реалната ситуација покажува видеоматеријал од над 10 минути, во кој комплетно е презентирано доаѓањето на Бајден со внука му на гласачкото место, гласањето како и неговата изјава пред гласачкото место. На следниот линк може да се погледне целиот материјал.

 

 

Имено, Бајден и внука му Натали гласаа во Вилмингтон, Делавер. Тој по гласањето го искоментира нападот врз сопругот на Ненси Пелоси, Пол, врзувајќи го нападот со теории на заговор и негирање на изборите.

Како што може да се види од целосниот видеоматеријал, кој трае 10 минути и 42 секунди, Бајден и Натали влегуваат на гласачкото место, ги покажуваат своите лични карти, добиваат гласачки ливчиња, одат во засебни простории зад црни завеси пред кои има чувари и гласаат. Прва излегува внуката на Бајден, Натали, по што добива налепница од еден од чуварите, дека гласала (I voted). За кратко од кабината излегува и Џо Бајден, и тој добива стикер дека гласал. Натали го лепи својот стикер на неговиот костум, а Џо Бајден на нејзината кошула и ја бакнува на лицето. Потоа излегуваат пред гласачкото место и претседателот дава изјава.

Поради сите горенаведени факти, коишто се испуштени во постот што го рецензираме, (презентирано е видео од агол кој што прави сликата да изгледа како претседателот Бајден да се однесува непристојно и неприфатливо),  оценуваме дека оваа објава на Фејсбук е со пропуштен контекст. На видеото од постот  не може да се види дека Бајден лепи налепница на облеката на девојката и не се кажува дека таа му е внука, па се добива погрешен впечаток дека тој се однесува несоодветно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...