fbpx

Измислена вест за уапсена бугарска пејачка во Македонија се споделува како да е вистинита

-

Станува збор за измислен настан, но никаде, ниту во споделената вест на Фејсбук, ниту во насловот, ниту пак во текстот, тоа не е наведено, со што читателите можат да бидат доведени во заблуда. Во објавениот текст, авторот, повикувајќи се на високи извори на МВР, пишува дека е уапсена пејачка од Бугарија која пеела без дозвола во земјава. Ова, како што ни потврдија од МВР, не е вистина. Споделената вест е сатирична, но тоа никаде не е јасно наведено, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук каде што се споделува вест со наслов:

Вонредни вести: НАПАТЕНА БУГАРКА итно се евакуира со бугарски сухои од Македонија.

Станува збор за измислена вест, но никаде, ниту во насловот, ниту пак во текстот, тоа не е наведено, со што читателите можат да бидат доведени во заблуда.

Насловната фотографија е составена две засебни фотографии – воен авион „сухој“ и жена која во рацете држи куче, а очите ѝ се покриени, со цел да не се оддаде нејзиниот идентитет.

Нашето пребарување покажа дека истата фотографија е објавена во интернет таблоидот Hot аena.net од Бугарија и дека станува збор за 20-годишната пејачка Сузанита, за која често таблоидите споделуваат вести.

На првиот дел од насловната фотографија на текстот, пак, има борбен авион „Сухој Су-35С“ и истата е објавена и на Википедија.

Во објавениот текст, авторот повикувајќи се на високи извори на МВР, пишува дека е уапсена пејачка од Бугарија која пеела без дозвола во земјава. Ова не е вистина и таква информација не е објавена од страна на македонското Министерство за внатрешни работи.

Инаку, текстот е објавен во рубриката Македонија и никако не е обележано дека станува збор за измислена вест или пак за сатира.

Апсолутно нема никаква вистина во оваа вест. Очигледно е дека авторот објавил измислена вест, односно сатира, но изоставил тоа да го наведе. Ваквите жанрови мора да бидат издвоени, односно видно обележани во засебна рубрика, вели за Вистиномер портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во текстот авторот се обидува иронично да ги именува министерот за надворешни работи Бујар Османи, како Бугар Османов, на Министерството за внатрешни работи (како МВРО) и на министерот Оливер Спасовски (кој во текстот се нарекува Обиџуко), со цел да ги исмејува.

Содржината на текстот изобилува со многу иронија, измислици и апсурдности, ставени во контекст на актуелните политички и општествени настани, а поврзани со билатералниот спор со Бугарија.

За ваквите објави медиумите, според професионалните стандарди, би требало да наведат дека станува збор за сатирична или за измислена вест, бидејќи, на овој начин се остава простор дел од читателската публика да поверува дека станува збор за вистина.

Сатирата како новинарски жанр има за цел да исмее и посочи на настани кои се неприфатливи во општеството и на духовит начин да критикува и да опоменува. Новинарските здруженија се децидни дека медиумите треба да бидат внимателни при пишување и објавување на вакви жанрови. ЗНМ и СЕММ честопати укажуваат дека медиумите кои имаат објави со сатирична содржина мора на многу јасен начин, на почетокот на текстот, да истакнат дека станува збор за измислена содржина.

Иако станува збор за содржина од сатиричен карактер, медиумите кои во јавноста се препознаваат како професионални, не треба да го занемарат фактот дека ваквите содржини лесно можат да бидат прифатени од пошироката јавност како вистинити, особено ако темите се во контекст на актуелни политички случувања, велат од новинарските здруженија.

Поради сето погоренаведено, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како сатира. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...