Не е вистина дека вирусите настануваат од распаѓање на болните клетки во телото

-

Вирусот е заразен микроб кој се состои од сегмент на нуклеинска киселина (или ДНК или РНК) опкружен со протеинска обвивка. Името потекнува од латинскиот збор што значи „лигава течност“ или „отров“. Вирусот заразува клетки на телото, а не се создава од веќе постоечки болни клетки на телото кои се распаѓаат, како што неточно се тврди во објавата којашто е предмет на оваа рецензија. Примарниот начин за спречување на вирусни инфекции е вакцинацијата, а со цел да се зголеми имунитетот на поединецот кон болеста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Фејсбук објава тврди дека вирусите се всушност производ од болни клетки на телото кои што се распаѓаат. Ова е целосно погрешна информација која ниту е логична, ниту има научна поткрепа.

Вирусите се производ на вашето тело кога се распаѓат болни клетки. Се друго е лажа.

Вирусот е заразен микроб кој се состои од сегмент на нуклеинска киселина (или ДНК или РНК) опкружен со протеинска обвивка. Името потекнува од латинскиот збор што значи „лигава течност“ или „отров“.

Вирусот заразува клетки на телото, а не се создава од веќе постоечки болни клетки на телото кои се распаѓаат, како што неточно се тврди во објавата која е предмет на оваа рецензија.

Вирусот не може да се реплицира односно создаде сам. За да преживее тој мора да ги инфицира клетките и да користи компоненти на клетката домаќин за да прави копии од себе. Често, вирусот завршува со убивање на клетката домаќин во процесот, предизвикувајќи оштетување на организмот домаќин. Добро познати примери на вируси кои предизвикуваат човечки болести вклучуваат инфлуенца, СИДА, ковид-19 и сипаници.

Вирусите инфицираат многу организми, не само човечкиот. Има вируси кои заразуваат габи, вируси кои инфицираат бактерии, а некои вируси инфицираат цела низа видови. Вирусите што ги инфицираат луѓето се само мал дел од вирусите што ги постојат во светот. Најголемо изобилство на вируси се оние кои ги инфицираат бактериите.

Најраните индикации за биолошката природа на вирусите се од спроведените студии во 1892 година на рускиот научник Дмитриј И. Ивановски и во 1898 година на холандскиот научник Мартинус В. Бејеринк. Бејеринк најпрво претпоставил дека вирусот што се истражува е нов вид на инфективен агенс, кој тој го нарекол contagium vivum fluidum, што значи дека е жив организам што се размножува и се разликува од другите организми.

Вирусите можат да се репродуцираат само во клетката домаќин. Родителскиот вирус (вирион) доведува до бројни потомци, обично генетски и структурно идентични со матичниот вирус. Дејствата на вирусот зависат и од неговите деструктивни тенденции кон одредена клетка домаќин и од условите на животната средина. Во вегетативниот циклус на вирусна инфекција, размножувањето на потомството вируси може да биде брзо. Овој циклус на инфекција често резултира со смрт на клетката и ослободување на многу потомци на вируси.

Иако вирусите првично беа карактеризирани врз основа на болестите што ги предизвикуваат, повеќето вируси што ги инфицираат бактериите, растенијата и животните (вклучувајќи ги и луѓето) не предизвикуваат болести. Всушност, бактериофагите можат да бидат корисни со тоа што тие брзо пренесуваат генетски информации од една бактерија во друга, а вирусите на растенијата и животните може да пренесат генетски информации помеѓу слични видови, помагајќи им на нивните домаќини да преживеат во непријателски средини.

Од оние вируси кои предизвикуваат болести, некои предизвикуваат краткотрајни (акутни) болести, а други повторливи или долготрајни (хронични) болести. Некои вируси предизвикуваат акутна болест од која има прилично брзо закрепнување, но може да опстојуваат во ткивата, останувајќи во мирување долги временски периоди, а потоа повторно да станат активни, предизвикувајќи сериозна болест неколку децении подоцна. Вирусите кои прогресираат полека имаат долги периоди на инкубација пред почетокот на болеста.

Многу вируси кои се пренесуваат по респираторен пат (кивање и кашлање) и се ограничени на луѓе, го започнуваат својот циклус на инфекција во горниот респираторен тракт (нос и грло), а потоа влегуваат во крвотокот, каде што се шират во далечните ткива.

Ширењето на многу вирусни болести може да се спречи преку одржување хигиена, како користење ефикасни санитарни јазли, ефективно отстранување на отпадот, чиста вода и лична чистота.

Примарниот начин за спречување на вирусни инфекции е вакцинацијата, со која се администрира вакцина направена од неактивни вирусни честички на незасегнат поединец, со цел да се зголеми имунитетот на поединецот кон болеста и со тоа се спречуваат вообичаени епидемии предизвикани од акутно инфективни вируси.

Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу деца и возрасни ширум светот. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година.

Поради сите наведени факти, заклучуваме дека не е точно тврдењето дека вирусите настануваат од распаѓање на болните клетки во телото.

 

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...