Таг: Vistinomer.mk
таг: vistinomer.mk
Вистиномер: Претседателот на Танзанија не бил убиен, туку починал во болница од здравствени причини
Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху, причината за смртта на шеесет и едногодишниот претседател Џон Магуфули не ја лоцира во никакво убиство, туку посочи дека имал здравствени проблеми, односно срцево заболување. „Википедија“, повикувајќи се на изјава од потпретседателката Сулуху, пишува дека претседателот имал коморбидитети повеќе од 10 години, а, исто така, наведува дека постоеле шпекулации во најмалку два наврата дека...
Вистиномер: Вешто злоупотребена научна студија за кампања против маските
Студијата на д-р Леополд Сигал е вешто злоупотребена за произволно толкување дека „долготрајната употреба на маска може да придонесе за напреднат карционом на белите дробови“. Истражувањето за зголемено присуство на орални коменсални микроби во белите дробови и рак на белите дробови е спроведено многу порано од појавата на пандемијата и никаде не го поврзува носењето маски со рак на...
Вистиномер: Руски адвокат претставен како непостоечки професор од Скопје и искористен за реклама за лек за притисок
Фотографија од познат руски адвокат е злоупотребена за претставување на измислен професор „Миодраг Атанасовски од Универзитетска клиника во Скопје, раководител на одделение за васкуларна хирургија“. Атанасовски го нема ниту во шифрарникот на лекари специјалисти, кои работат во јавните и приватните здравствени установи. Во објавата што се шири на Фејсбук, нему му се даваат чудесни перформанси – имал извршено 1.800...
Вистиномер: „Хакнатите“ документи од ЕМА за вакцините биле манипулирани пред да се појават на интернет
Повик за внимание околу кампањата за употреба на вакцината против ковид-19 од производителот Фајзер-БионТек е пласиран на социјалната мрежа Фејсбук, но со испуштање на важни факти за тоа што се случувало во меѓувреме со украдените материјали од серверот на Европската медицинска агенција. Без тие информации, не може да се расправа околу вистинитоста на содржината во постот, пишува Вистиномер.мк во...
Вистиномер: Не постои „спасено шверцувано бебе“, ниту, пак, таква операција на спасување
Монтирана фотографија од наводно „спасено шверцувано бебе“ во тело на обработено мртво животно, наменето за продажба во месарниците, се користи за ширење дезинформации дека станува збор за спречена трговија на деца и тоа од симпатизерите на наводната армија на Q-аноните, т.е. на теориите на заговор и симпатизери на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, пишува Вистиномер.мк во својата нова...
Фејсбук не донира пари ако споделите или коментирате на 13 години стара фотографија од бебе
Бебето кое е прикажано на сликата воопшто не е болно од рак на кожа, а веќе не е ни бебе, затоа што фотографијата е стара 13 години. Според пребарувањата на Гугл, јасно се гледа дека оваа фотографија нема никаква поврзаност со дете болно од рак на кожата, ниту со Македонија. Оваа фотографија, заедно со уште две слични, првично се...
Вистиномер: Придобивките и компромисите во Преспанскиот договор – грчки поглед (IV дел)
Како на дилемите околу Преспанскиот договор се гледа од другата, грчката, страна? Еве што пишуваше на овие теми весникот „Катимерини“ (февруари 2019), систематизирани како „најчесто поставуваните прашања“ во врска со Преспанскиот договор и нивните одговори, пренесува „Вистиномер“.
ДАЛИ РУСИЈА МОЖЕ ДА ГО ОСПОРИ ДОГОВОРОТ СО ВЕТО ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН?
Според одредбите од Договорот, од Советот за безбедност и од генералниот...
Вистиномер: Нема ништо „пранкерско“(шегобијно) во индициите дека Москва се меша во изборите
Објавувањето на старо аудио за разговор на „Грета Тунберг“ и Зоран Заев во овој момент, нема никаква допирна точка со наводната шегобијност, туку со директно инволвирање во изборите во РСМ од страна на „пријателите на Кремљ“, пишува „Вистиномер“.
Има една голема разлика помеѓу објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори за функционери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во оваа предизборна кампања и...
Вистиномер: СДСМ и медиумскиот сектор – солидни ветувања и по некој спин за оствареното
Несомнено, слободата на медиумите и на правото на говор и на изразување е пошироко и помодерно разбрано во СДСМ, споредувајќи ги со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа и во поглед на предизборните програми, но и во поглед на праксата. Сепак, покрај тие современи заложби и приципиелно добри ветувања, во програмата „Можеме“ се детектираат два-три спина околу реализираното во изминатите 2,5 години...
Вистиномер: Две години подоцна – Преспанскиот договор и македонскиот идентитет (II дел)
Како и колку е заштитен македонскиот идентитет во Преспанскиот договор и можно ли е негово поништување во Обединетите нации, или, пак, од некоја идна власт во земјава?, пишува Вистиномер во својата нова анализа.
ШТО ПРЕДВИДУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА
Лидерот на СДСМ и во тоа време преимер, Зоран Заев, образложувајќи ги четирите амандмани пред собраниската Комисија за уставни прашања (07.11.2018), кажа дека со...
Вистиномер: Две години подоцна – Политичките придобивки за Северна Македонија од Преспанскиот договор (I дел)
Зад и над сите сомнежи и евентуални релативизирања на Преспанскиот договор, тој е недвојбено признат од практично целата светска заедница и посочуван како пример кој треба да се следи од земјите кои имаат проблеми со соседите. Никому, засега, не му успева да го повтори тој чекор, иако меѓусоседски проблеми има многу, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.
Две години од...
Лажни наративи и теории на заговор на протестот против 5Г мрежата и короната
Лажни наративи и скандалозни теории на заговор го одбележаа протестот против 5Г, коронавирусот и задолжителната вакцинација, кој се одржа на 31 мај пред владината зграда. Вакцина за коронавирус не е ниту на повидок и никој не најавил дека вакцинацијата ќе биде задолжителна. Во официјалните статистики здравствените власти презентираат троцифрена бројка на починати – вкупно 140 до 1 јуни, но...
Хрватски портал со тенденциозен текст за Северна Македонија полн со манипулации и дезинформации
Хрватскиот портал Otvoreno.hr во текст посветен на актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија, насловен „Ништо ново во експерименталната држава некогаш позната како Македонија“ (Ništa novo u eksperimentalnoj državi nekad znanoj kao Makedonija) и објавен на 12 мај 2020 г., изнесува редици дезинформации, но и историски невистини. Овој текст го пренесоа и неколку домашни портали, преведен во интергрална верзија...