Хрватскиот портал Otvoreno.hr во текст посветен на актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија, насловен „Ништо ново во експерименталната држава некогаш позната како Македонија“ (Ništa novo u eksperimentalnoj državi nekad znanoj kao Makedonija) и објавен на 12 мај 2020 г., изнесува редици дезинформации, но и историски невистини. Овој текст го пренесоа и неколку домашни портали, преведен во интергрална верзија или постирајќи линк до неговата изворна верзија.

На почетокот авторот на текстот ни раскажува дека се „думал“ што да пишува за неговиот неделен блог, но кога ја прочитал веста со аферата за новоиздадената поштенска марка во Северна Македонија во чест на хрватското претседателствување во Европската Унија и хрватската поддршка на македонските ЕУ аспирации, решил да ѝ се посвети на таа тема, но „проширена и надградена“ со историски настани кои се протегаат во временски распон поголем од еден век.

Видливо е за која политичко-идеолошка опција во Македонија навива авторот на текстот, пишува „Вистиномер“.

Но, тој негов став нема елементарна политичка логика: евроатлантските интергации на Македонија веќе се започнати, и тоа по скапата цена на промена на уставното име. Па, се поставува прашањето кој ги бранел, а кој не ги бранел, националните интереси изминативе децении со нерешавањето на тој толку сложен проблем со името и на останатите проблеми со соседите. Хрватскиот портал дава искривен и пристрасен одговор на ова прашање.

Целиот текст може да се прочита тука.