fbpx

Лажни наративи и теории на заговор на протестот против 5Г мрежата и короната

-

Лажни наративи и скандалозни теории на заговор го одбележаа протестот против 5Г, коронавирусот и задолжителната вакцинација, кој се одржа на 31 мај пред владината зграда. Вакцина за коронавирус не е ниту на повидок и никој не најавил дека вакцинацијата ќе биде задолжителна. Во официјалните статистики здравствените власти презентираат троцифрена бројка на починати – вкупно 140 до 1 јуни, но сето тоа не е доволно за организаторите и нивните поддржувачи да поверуваат во постоењето на коронавирусот, пишува Vistinomer.mk.

На протестот  беа изнесени лажни информации, многу неосновани обвинувања, дезинформации во обид да се минимизира сериозноста на болеста, што може да нанесе сериозни последици за целото општество, кое и онака е кревко во поглед на медиумската писменост. Организаторите во своите изјави ја нарекуваа пандемијата лажна, а како „аргументација“ за таквото тврдење ги посочуваа пропратните болести, односно коморбидитетите кои ги имале оние кои починаа од вирусот.

Споменуваа ,,принудно вакцинирање” доведувајќи ја пандемијата во корелација со некаква теорија на заговор, иако таа е светски проблем број еден. За повеќето дезинформации пласирани на протестот Северна Македонија е само ,,увозник” и како што веќе пишувавме, овие дезинформации свои следбеници најдоа во многу држава, но, протестот повторно го актуелизира прашањето и налага едно поопсежно анализирање на тезите на говорниците.

Целиот текст може да го прочитате тука.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...