fbpx

Вистиномер: Не постои „спасено шверцувано бебе“, ниту, пак, таква операција на спасување

-

Монтирана фотографија од наводно „спасено шверцувано бебе“ во тело на обработено мртво животно, наменето за продажба во месарниците, се користи за ширење дезинформации дека станува збор за спречена трговија на деца и тоа од симпатизерите на наводната армија на Q-аноните, т.е. на теориите на заговор и симпатизери на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.

Објава на Фејсбук на македонски јазик шири невистина за наводна трговија со деца. Објавата е поткрепена со фотографија – монтажа за која веќе има поведено истрага од релевантен факт чекер, при што е утврдена монтажата.

Покрај тоа, во коментарот на објавата се наведува дека ваквите дела, стопирање на шверц со деца, било разбиено од таканареченото „Q“ движење на следбениците на Доналд Трамп:

16.01.2021
Не сте знаеле за трговија со деца .
Ова е глобалната пандемија .
Q го спречи ова.

Нашето пребарување по интернет покажа дека ваквата фотографија е објавена најмалку дваесетина пати на профили на разни мрежи, на разни интернет медиуми, на приватни профили и блогови и тоа во период од неколку години, најмногу во 2020, а и сега, во првите две-три недели од јануари 2021.

Пребарувањата направени преку мрежите за пребарување фотографии можете да ги видите на овој линк од пребарувачот Гугл. Освен тоа, оваа фотографија е фотомонтажа, утврдила „Република“ од Перу (La Republica.pe).

Во текстот за проверка се наведува дека од март 2020 на социјалните мрежи се шири фотографија со вест дека била откриена „нова форма на шверцување на деца“, која била спречена во Мексико. Притоа, факт-чекерите од „Република“ откриле дека оригиналот на Фејсбук објавата е преземен од текст објавен на 19-ти март 2019 на блогот на аргентинска интернет телевизија (ZonaFrancaTV). Притоа, се објавуваат „детали“ за спречениот наводен шверц на деца во мексиканската држава Вера Круз.

Според наводите, шверцот го вршела извесна позната компанија, а при случката наводно биле спасени 20 деца, кои биле скриени во тела од обработени крави, но едното дете при контролата се разбудило и ги алармирало полицајците.

Во ваквата сторија – фантазија проверувачите на факти утврдиле два факта. Навистина постои фотографија од камион ладилник, кој е контролиран од мексиканска полиција, но од 2017 година, при што на фотографијата од блогот објавена 2019 година е намонтирано име на компанија, додека на оригиналната, камионот е без никакви обележја. Второ, втората фотографија е целосна монтажа, т.е. не постои оригинална фотографија на бебе скриено во тело од мртвото животно.

Фотографијата со бебето кое е наводно спасено, е фотомонтажа објавена на полски блог во 2016 година, при што крајната цел е застапување или борба против веганството. Над фотографијата на овој блог пишува: „Кога не сакаш твоето бебе да биде родено како веган“.

Според тоа, факт-чекерите од „Република“ извршиле одлична проверка со која е докажано дека постовите со оваа фотографија се монтажа и се лажни вести.

Поради тоа, без никакво сомневање и овој пост на македонски јазик што го рецензираме е целосна лага. Лагата е и во текстот на објавата и во фотографијата под текстот, се вели во новата анализа на Вистиномер.мк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...