fbpx
Таг: уставен суд

таг: уставен суд

Спасовски: Секој сомнителен гласач треба да биде проверен

Државната изборна комисија (ДИК) како независна институција треба максимално да посвети внимание да се прочисти избирачкиот список и да се создаде сигурност кај граѓаните на Македонија дека избирачкото право не може да биде злоупотребено, порача од Струмица генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. - Денеска сме во Струмица, разговараме со граѓаните за актуелните проблеми. Да ги чуеме размислувањата на граѓаните затоа...

СДСМ: Иванов на функција дојде преку криминални избори

Ѓорге Иванов го призна изборниот криминал на Никола Груевски и се вклучи во негова директна заштита, реагираат од СДСМ на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов. „Денеска Иванов намерно не ги спомена организаторите на изборните измами во својата скандалозна изјава. Јасно е зошто Иванов целосно се стави во одбрана на изборниот криминал на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Лично тој беше избран...

Амбасада на САД: Уставниот суд не се држел до востановените процедури

Брзината со која дејствуваше Уставниот суд и нетранспарентното одлучување беа во голема мера без преседан, изјавија од Aмбасадата на САД во земјава за порталот „Сакам да кажам“. „Институциите ја градат довербата преку транспарентност и држење до востановените процедури. Активноста на судот се чини е спротивна на неговите процедури. Уште повеќе зашто, за да се одговори на проблемите со изборните нерегуларности на...

Иванов: Не ми паѓа на ум да помилувам педофили, нарко-дилери и силеџии на избори

Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти, изјави претседателот Ѓорге Иванов, по средбата со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, одговарајќи на новинарско прашање за последната одлука на Уставниот суд поврзана со Законот за помилување. - Би сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија...

СЈО: Не ја коментираме одлуката на Уставниот суд за Законот за помилување

Специјалното јавно обвинителство не ја коментира одлуката на Уставниот суд со која се укинаа измените на Законот за помилување од 2009 година и му се даде право на претседателот на државата да помилува лица кои се осудени или кривично се гонат за изборни измами. Ваквата одлука на Уставниот суд, во јавноста се толкува како интервенција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, чии...

ФРОДЕМ со иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на деловникот

ФРОДЕМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на некои одредби од актуелниот деловник на Уставниот суд. Како што стои во соопштението на ФРОДЕМ, со оваа иницијатива бараат да се поништат  одредби од деловникот на Уставниот суд кои се во директна спротивност со Уставот на Македонија, односно на постапката за заштита на слободите и на...

Трајанов бара закон за одговорност на уставните судии кои го кршат Уставот

Отворање постапка за донесување закон за Уставниот суд, во кој ќе се дефинира одговорност на судиите заради прекршување на Уставот, а на сегашните судии да им престане мандатот, бара партијата Демократски сојуз на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов. Од партијата преку соопштение велат дека со одлуката на Уставиот суд за укинување на одредби од Законот за помилување, се создаваат законски основи,...

Груевски: Избирачкиот список е работа на ДИК, а наша се изборите на 5 јуни

Државната изборна комисија треба да си ја заврши својата работа со избирачкиот список, а работа на ВМРО-ДПМНЕ е да ја следи одлуката на Собранието изборите да се одржат на 5 јуни, изјави денеска претседателот на владејачката партија, Никола Груевски. - Парламентот донесе одлука изборите да бидат на 5 јуни и ние сме целосно подготвени да излеземе на тие избори. Работа...

Уставниот суд ги доведе во прашање изборите на 5 јуни, сметаат граѓанските организации

Голем дел од активистите, граѓанските организации и опозициски партии сметаат дека вчерашната одлука на Уставниот суд, со која на претседателот му се даде можност да помилува лица гонети или осудени за изборен криминал, само го влошува теренот за фер и демократски избори. Велат дека со оваа одлука, судот им дава ветер во грб на сите што планираат да прават изборни манипулации,...

ЛДП: Иванов да се изјасни дали ќе го искористи правото на аболиција

Со вчерашната скандалозна одлука на Уставниот суд, со која се укинува Законот за помилување од 2009 година, судот се стави во директна служба на осомничените високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Либерално-демократската партија. „Експресната одлука, непозната во уставното право и во функционирањето на Уставниот суд, е резултат на независната и професионална работа на Специјалното јавно обвинителство. Следен на ред е...

Орав: Претседателот ќе одлучи дали ќе ја зајакне или ќе ја ослаби демократијата

Сега самиот претседател може да одлучи дали ќе ја зајакне или ќе ја ослаби демократијата, рече евроамбасадорот Аиво Орав, за одлуката на Уставниот суд да ги укине измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што претседателот ќе може да помилува и лица осудени за изборни измами. - Многупати сме ја критикувале вашата земја за независниста на судството...

Китески: Одлуката на Уставниот суд непотребно се политизира

Подносителот на иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување, охридскиот адвокат Ристо Китески, смета дека одлуката на Уставниот суд е демократска и правно издржана, но, вели, му пречи политизацијата на случајот. - Штом сум ја поднел, сметам дека е основана иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување. Ми пречи што иницијативата доби политичка конотација, но јас немав...

„Ајде“: Уставните судии го убија Уставот!

„Џелатите на уставноста и на суверенитетот на граѓаните се познати. Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски се петте „тефтер-судии“ кои надвор од очите на јавноста не само што го убија Уставот, туку станаа и директни соучесници во криминалот и во бандитизмот на актулната власт. Уставот на Република Македонија од денеска е мртов!“, се вели во...

МВР најави кривична пријава против Јакимовски поради контрапротестот

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Карпош и претседател на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, и против претседателот на градската организација на партијата, Александар Трајановски, поради вчерашниот контрапротест пред Уставниот суд, со кој, како што соопштија попладнево од МВР, се обиделе да го попречат претходно најавениот мирен протест на граѓанската платформа...

ГРОМ: Граѓаните ја одбранија државата

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека граѓаните успеале да ја одбранат државата. Според него, се видело дека во клучните моменти, како што државните институции ги штитат граѓаните, така граѓаните знаат кога треба јасно и недвосмислено да ги заштитат институциите и тие што работат во нив. „Секогаш кога ќе биде доведен во прашање суверенитетот и професионалноста на...

Уставниот суд донесе срамна одлука, реагираат опозицијата и граѓанските задруженија

Опозициските политички партии денеска ја осудија одлуката на Уставниот суд со која на претедателот на државата му се овозможува да помилува и да аболира лица гонети за изборен криминал, педофили и нароко-дилери. Од опозицискиот СДСМ велат дека срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството, со надеж дека Груевски ќе се...

Твитер-реaкции на одлуката на Уставниот суд: „Да ти е мерак сега да местиш избори“

Одлуката на Уставниот суд, со која тој ги укина измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што повторно му се враќа можноста на претседателот на државата да помилува и да аболира лица гонети или осудени за изборен криминал, педофилија и нарко-дилери, предизвика лавина од реакции на разочарување и негодувања на социјалните мрежи. https://twitter.com/legovski/status/710076164971212800 https://twitter.com/_Luna_1979/status/710082598916263936 https://twitter.com/borokitanoski/status/710086989580734464 https://twitter.com/kefremovski/status/710086322145370112 https://twitter.com/rizikjak/status/710049966241226752 https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/710085055452999680 https://twitter.com/seirdotmk/status/710084566007083008 https://twitter.com/andrej081/status/710083755357163520 https://twitter.com/BBozh/status/710083630614388736 https://twitter.com/The__Zorro/status/709810766250123264 https://twitter.com/podzemnavoda/status/710079034277896194 https://twitter.com/saskac/status/710076659064504320 https://twitter.com/sonjatd/status/710076189784862720 https://twitter.com/bajkerot/status/710066773119340544 https://twitter.com/Petrusevski13/status/710072059037097984 https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/710071303491944448 https://twitter.com/baaaaaanoo/status/710070616527921152 https://twitter.com/andrejas_mkd/status/710070355067584512 https://twitter.com/seirdotmk/status/710065445357920256 https://twitter.com/The__Zorro/status/710065281587138560 https://twitter.com/andrej081/status/710060026296197120 https://twitter.com/MaximOvertroll/status/710059710024646657

Уставниот суд остана глув и реши да дозволи помилување за изборен криминал

Уставните судии на денешната седница со мнозинство гласови, пет спрема четири, одлучија да ги укинат измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, информираат од судот. Со оваа одлука на судот, повторно му се враќа можноста на претседателот на државата да помилува и да аболира лица гонети или осудени за изборен криминал, педофилија и нарко-дилери. Како што информираат од судот, седницата што се одржа денеска...

Уставниот суд даде виза за помилување на изборниот криминал

Уставните судии на денешната седница ги укинаа измените на Законот за помилување од 2009 година, со што му се даде можност на претседателот на државата да помилува педофили, нарко-дилери и лица осудени за изборен криминал, се дознава неофицијално. Новинарите се веќе собрани пред судот, каде наскоро ќе почне брифинг, на кој се очекува и официјално да се потврди информацијата. Граѓаните што вчера...

Амбасада на САД: Зошто седницата на Уставен суд е затворена?

Со хаштагот „Прашање на денот“, Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска на „Твитер“ праша „Зошто Уставниот суд денеска одржува седница затворена за јавност? Транспарентноста е клучна за секоја институција“. Оваа порака преку својот твитер-профил ја објави и британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет. Денеска Уставниот суд на Македонија на седницата, која почна точно во 9 часот, решава дали на претседателот на државата...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...