Груевски: Избирачкиот список е работа на ДИК, а наша се изборите на 5 јуни

-

Државната изборна комисија треба да си ја заврши својата работа со избирачкиот список, а работа на ВМРО-ДПМНЕ е да ја следи одлуката на Собранието изборите да се одржат на 5 јуни, изјави денеска претседателот на владејачката партија, Никола Груевски.

– Парламентот донесе одлука изборите да бидат на 5 јуни и ние сме целосно подготвени да излеземе на тие избори. Работа на Државната изборна комисија е да си ја заврши својата работа поврзна со избирачки списоци или со што друго сака. Ние имаме само двајца од вкупно девет претставници во ДИК, јасно е дека таму друг го има мнозинството, односно контролата и се надевам дека нема да има нови проблеми и тоа не е наша работа. Наша работа, како политичка партија, е да ја следиме одлуката на парламентот – рече Груевски.

Запрашан за коментар за одлуката на Уставниот суд, со која на претседателот на државата му се дава можност да помилува лица осудени за изборни измами, предофилија и за трговија со дрога, Груевски одговори оти не верува дека претседателот ќе направи грешки и додаде дека неговиот став околу Законот е ист од 2009 година.

– Јас не верувам, познавајќи го претседателот на државата, дека тој ќе направи некакви грешки, злоупотреби или што било што не е соодветно. Инаку, што се однесува до тој закон, јас имав свое мислење кое беше идентично со мислењето на партијата што ја предводам во 2009 година кога предложивме одредени ограничувања во Законот што сега Уставниот суд ги укина. Истото мислење го имам и сега, но Уставниот суд донесе поинаква одлука – рече Груевски.

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното...

„Орешник“ и изборот на Трамп главни теми на (дез)информациите со недели

Сè започна со дозволата за употреба на класичните ракети со долг дострел што на Украина и ги доставуваат САД и Франција и Велика Британија. За ова медиумите масовно известуваа во почетокот...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата...