Уставниот суд остана глув и реши да дозволи помилување за изборен криминал

-

Уставните судии на денешната седница со мнозинство гласови, пет спрема четири, одлучија да ги укинат измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, информираат од судот.

Со оваа одлука на судот, повторно му се враќа можноста на претседателот на државата да помилува и да аболира лица гонети или осудени за изборен криминал, педофилија и нарко-дилери.

Како што информираат од судот, седницата што се одржа денеска била затворена за јавноста затоа што така проценила претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, водејќи се според членот 85 од деловникот на судот. Одлуката не била донесена на колегиум, а на прашањето зошто самостојно одлучила, новинарите не добија одговор.

Издвоени мислења најавиле повеќе судии, кои наскоро треба да бидат објавени на интернет-страницата на Уставниот суд.

Како што информираат од судот, измените на Законот за помилување се укинати затоа што мнозинството судии сметаат дека не може законодавецот, односно Собранието, да му ги стеснува или проширува надлежностите на претседателот. Исто така, мнозинството судии сметаат дека законот не смее да ги подели граѓаните, односно за некои да има, а за некои да нема помилување.

Комисијата која претходно беше советодавно тело на претседателот за помилување и за аболирање, исто така, е предвидена со измените во Законот од 2009 година, што значи дека и таа се укинува, а единствената опција за советување на претседателот во овој случај е Министерството за правда.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто Уставниот суд претходно не повел постапка ако сметал дека овие измени се неуставни, од судот одговорија дека ретко се постапува по службена должност, односно дека судот најчесто работел по поднесени иницијативи.

Укинувањето на одредбите ќе почне да важи по објавување во „Службен весник“, што би требало да се случи најдоцна за една недела.

Граѓаните што вчера и утринава протестираа пред Уставниот суд веќе се разотидени. Шаторите поставени околу судот се празни, но сè уште се забележува зголемено присуство на полиција.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...