fbpx
Таг: уставен суд

таг: уставен суд

Уставниот суд одлучува дали ќе има помилување за изборни измами

Уставниот суд на Македонија на седницата која почна денеска точно во 9 часот решава дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или, пак, ќе остане на сила актуелното решение, со кое тоа му е оневозможено, според измените на Законот за помилување од 2009 година. Поради оваа иницијатива во текот на вчерашниот...

Од безбедносни причини откажано бдеењето пред Уставниот суд

Граѓанската платформа „Ајде“ вечерва од безбедносни причини го откажа бдеењето пред Уставниот суд, по дојава дека владејачката партија со автобуси од целата земја носи луѓе за контрапротести. - Сметаме дека од безбедносни причини, најдобро е да се прекине бдеењето. Имаме дојава дека многу автобуси се тргнати за Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ и нема потреба да се доведуваме до таква ситуација....

Оставки од судиите кои го узурпираат Уставниот суд, побараа граѓаните на протестот

Неколку илјади граѓани кои протестираат под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“ и кои тргнаа од Владата, се собраа пред објектот на новиот Македонски народен театар. Таму е поставена ограда која ја чуваат неколку десетици полицајци, а зад нив има оклопни возила и припадници на специјалните полициски сили. Тие не им дозволуваат да дојдат до платото пред...

Јакимовски: Не може некој да дојде на власт со слушалки на уши

Тука сме да го браниме Уставниот суд, да ја одбраниме државата, порача претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, пред насобраните граѓани пред Уставниот суд. Тој рече дека еден аболиран Зоран Заев не може да го урива уставниот поредок на Република Македонија. - Сега ја напаѓаат Македонија, кога е соочена со бегалската криза и кога постои опасност за дестабилизација на државата. Со тоа...

Со „Нема правда, нема мир“, почна протестот против одлуката на Уставниот суд

Граѓанските организации, поддржани од опозициските партии го почнаа протестниот марш од Владата кон Уставниот суд на Македонија. Извикувајќи „Нема правда, нема мир“, тие се движат кон Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, а потоа кон Собранието на Република Македонија сè до Уставниот суд. На маршот се присутни неколку стотици граѓани, кои бараат Уставниот суд да не му овозможи на претседателот...

ЗНМ: Уставниот суд да им дозволи на новинарите да ја следат утрешната седница

Здружението на новинарите на Македонија денеска го повика Уставниот суд да им дозволи на новинарите да ја следат утрешната седница, на која се очекува да се расправа за оценување на уставноста на одредени членови од Законот за помилување. Од ЗНМ велат дека одлуката јавноста да се исклучи од утрешната седница е во спротивност со Деловникот на Уставниот суд и оти...

Со патриотски песни почнува контрапротестот пред Уставниот суд на Македонија

Со „Се собрале комитите“ и со „Земјо македонска“, се пречекуваат неколкуте стотини граѓани пред Уставниот суд на Македонија во организација на партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Низ Камениот мост, кој е прооден, има мало полициско обезбедување, но спроти новиот Македонски народен театар, кој е на стотина метри од Уставниот суд, е стационирано засилено полициско обезбедување, со два водени топа и со...

„Ајде“ го осудува запоседнувањето на просторот пред Уставниот суд

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ го осудува запоседнувањето на просторот пред Уставниот суд, на кој беше најавен и пријавен во МВР граѓанскиот протест и бдеењето за одбрана на Уставот. Од „Ајде“ велат дека со овој контрапротест, власта уште еднаш покажа дека е подготвена на сè за да го спречи владеењето на правото и да ги згази основните слободи и права на...

Посебен сообраќаен режим поради протестот во 18 часот

Поради денешниот граѓански протест во организација на Здружението на граѓани „Ајде“, кој е најавен за 18 часот пред Владата, дел од сообраќајниците во центарот на градот ќе имаат посебен сообраќаен режим, информираат од МВР. „Во периодот од 18 часот за сообраќај ќе бидат затворени булевар Илинден пред Владата на РМ, булевар ВМРО, улицата Васил Главинов, лево по улицата Димитрије Чуповски,...

ВМРО-ДПМНЕ: Ескалира деструктивното сценарио на СДСМ

„Ескалира деструктивното сценарио на СДСМ, кој преку општинската организација од Кавадарци најави дека ќе го запали Уставниот суд. Вчера Заев и СДСМ и официјално признаа дека се организатори на хајката и на агресивните протести насочени кон Уставниот суд на Република Македонија. Ниту Шилегов ниту СДСМ се оградија од заканите дека ќе ги влечат за уши судиите и дека ќе ги креваат...

Хелсиншки комитет: Кој и зошто донесе одлука да се затвори седницата на Уставниот суд?

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја повика претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, да даде образложение поради која причина и на кој начин е донесена одлуката за исклучување на јавноста за време на утрешната седница. „Сметаме дека Уставниот суд не смее да ја продолжи тенденцијата на нетранспарентност на институциите и да дозволи поинакво дефинирање на јавното следење и информирање за...

Шилегов: Каде е заглавена кривичната пријава за братот на судијата Ивановски?

Против Илија Ивановски, брат на судијата во Уставниот суд, Никола Ивановски, во 2013 година е поднесена кривична пријава што е потврда дека партиските послушници во Уставниот суд немаат морален кредибилитет да одлучуваат законски и непристрасно, велат од СДСМ. - Кривичната за Ивановски е поднесена за неовластено организирање комар или друга игра на среќа што е забранета, кое е кривично дело. До...

Група граѓани ги блокираа приодите кон Уставниот суд

Неколку стотици граѓани попладнево се собираа пред Уставниот суд за, како што велат, одбрана на институциите на Република Македонија. На протестот има претежно млади луѓе и пензионери, кои тврдат дека доброволно и самоиницијативно дошле да го бранат уставниот поредок на државата. Пред насобраните граѓани се обрати и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој ги повика граѓаните уште помасовно да дојдат на...

Протестите ја затворија седницата на Уставниот суд за помилување на изборниот криминал

Седницата на Уставниот суд што треба да се одржи утре и на која судиите треба да расправаат за враќање на правото на претседателот да помилува лица осудени за изборен криминал е затворена за јавноста. Оваа информација пред малку беше објавена на интернет-страницата на судот, иако според членот 83 од Деловникот на судот, седниците се јавни. Неофицијално, од извори во Уставниот суд, дознаваме...

ГРОМ утре во 18 часот на контрапротест во близина на Уставниот суд

Утре во 18 часот ГРОМ на Стевчо Јакимовски ќе одржи „собир за поддршка на институциите“. Протестот ќе се одржи пред објектите на Агенцијата за електронски комуникации и Обвинителството во близина на Уставниот суд, каде што во исто време ќе протестираат граѓанските организации и СДСМ против одлуката на судот да расправа за иницијативата за уставноста на Законот за помилување. Јакимовски денеска...

Груевски: СДСМ го менува ставот за законот за помилување, не ВМРО-ДПМНЕ

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за помилување останува ист како и во 2009 година кога поднесовме измена на законот со која што побаравме укинување на одредени можности на претседателот поврзани со помилувања на одредени категории на лица“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Клиниката за гинекологија. Коментирајќи ги најавите на опозицијата дека ќе се приклучи на...

СДСМ: И Ѓорге Иванов знаел да зборува!

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска рече дека и жителите на Гостивар масовно пријавуваат неправилности во избирачкиот список. Тој вели дека клучно во наредниот период е Државната изборна комисија да направи и теренска проверка со што ќе се отстранат неправилностите од избирачкиот список. - Нерегуларностите во избирачкиот список ги создаде бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески за да ги крадат изборите....

Заев: СДСМ ќе се приклучи на протестот пред Уставен суд

СДСМ ќе се приклучи на масовниот протест пред Уставниот суд организиран од граѓанските организации, најави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека срамните одлуки на партиските инсталации во Уставниот суд се обид да се амнестира изборниот криминал и изборната измама. - Хаосот во избирачкиот список го потврди она што го кажа и „Вистината за Македонија“. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски го напаѓа и му се заканува на Уставниот суд

Срамно и скандалозно е кога генерален секретар на политичка партија кој во моментов извршува функција на технички министер во МВР јавно му се заканува и го напаѓа Уставниот суд на Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. „Повикот на технички назначениот министер Оливер Спасовски не е ништо друго освен потценување и...

„Ајде“ со протест и бдеење пред Уставниот суд

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ во вторник со почеток од 18 часот ќе организира протест и бдеење за Уставот, затоа што, според нив, уставните судии во среда, на 16-ти март, планираат експресно да ја донесат одлуката за помилување на изборниот криминал и други тешки криминали. „Бдеењето за Уставот ќе започне со протестен марш на 15 март, во вторник, во 18...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...