fbpx

МВР најави кривична пријава против Јакимовски поради контрапротестот

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Карпош и претседател на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, и против претседателот на градската организација на партијата, Александар Трајановски, поради вчерашниот контрапротест пред Уставниот суд, со кој, како што соопштија попладнево од МВР, се обиделе да го попречат претходно најавениот мирен протест на граѓанската платформа „Ајде“.

Како што информираат од МВР, Јакимовски и Трајановски, кои се наведени со иницијали, се товарат за кривичното дело спречување и попречување јавен собир, казниво според членот 155 од Кривичниот законик.

Во соопштението се наведува дека платформата „Ајде“ на 14 март уредно го најавила протестот во МВР, односно во Секторот за внатрешни работи Скопје, каде доставиле детални податоци за времето на почнување на протестот, рутата по која ќе се движат демонстрантите и за бројката на луѓе што се очекува да присуствуваат на настанот.

„По дознавање на намерата за организирање мирни и ненасилни протести пред Уставниот суд од страна на Платформата за граѓанска политика „Ајде“, првопријавениот С.Ј. и второпријавениот А.Т. на 14 март во вечерните часови одржале прес-конференција на која пред претставниците на медиумите најавиле организирање протест пред платото на Уставниот суд, а за заштита на функционирањето на Уставниот суд. На 15 март второпријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир – протест, со писмен допис до МВР-СВР Скопје највил дека на 15 март во 18 часот ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд, не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир“, стои во соопштението на МВР.

Во утринските часови во вторникот, се додава во соопшението, по инструкции на Јакимовски и на Трајановски, почнале да се собираат граѓани пред платото на Уставниот суд и да се монтира бина и тенди, односно чадори, со што, според МВР, насилно бил узурпиран просторот на кој требаше да се одржи најавениот протест на „Ајде“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...