fbpx

Орав: Претседателот ќе одлучи дали ќе ја зајакне или ќе ја ослаби демократијата

-

Сега самиот претседател може да одлучи дали ќе ја зајакне или ќе ја ослаби демократијата, рече евроамбасадорот Аиво Орав, за одлуката на Уставниот суд да ги укине измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што претседателот ќе може да помилува и лица осудени за изборни измами.

– Многупати сме ја критикувале вашата земја за независниста на судството и за владеењето на правото. За конкретниов случај се дискутира веќе неколку недели, откако Специјалното јавно обвинителство поднесе неколку кривични пријави против поранешни министри во врска со изборни измами. Ако му се дадат повеќе права на претседателот или идните претседатели на оваа земја, тогаш останува на самиот претседател дали ќе го искористи овој инструмент, оваа алатка, за да ја зајакне демократијата или, пак, да ја ослабне демократијата – изјави Орав.

Орав ова го кажа на трибината со холандскиот амбасадор Ваутер Пломп во Велес, на која ги објави резултатите од нивната интерна анкета, според која две третини од испитаниците во земјава не сакаат да зборуваат за политика.

– Оваа анкета на јавното мислење е изработена од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Утрово ги добивме последните податоци и навистина има многу важен податок, дека 61 процент од анектираните не сакаат да одговараат на прашања поврзани со политика или кажуваат дека нема да учествуваат на изборите. Истовремено испитаниците даваа одговори на прашања поврзани со други теми, не со политика. Треба сите да анализираме од каде доаѓа овој 61 процент на лица кои не сакаат за зборуваат за политика – вели Орав.

На средбата Орав рече дека состојбата со мигрантите претставува голема грижа за сите и дека од влегувањето на 1.500 нелегални мигранти во Македонија сите научиле една лекција, а тоа е дека такви инциденти не смеат да се случат повеќе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...