fbpx
Таг: црква

таг: црква

Денеска е Духовден, празник на основањето на Христијанската црква

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 мај. Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го...

Украдени четири икони од црква во Катланово

Ноќта меѓу неделата и понеделникот, непознат сторител украл четири икони од црквата „Света Недела“ во селото Катланово, информира полицијата. Според полицијата, станува збор за тешка кражба и се преземаат мерки за расчистување на случајот и за откривање на сторителот.

Голем пожар во Балтимор

Еден ден по немирите во Балтимор, запален е и целосно изгоре општинскиот центар и апартманите на Баптистичката црква во источен Балтимор. Повеќе од 90 пожарникари безуспешно се обидуваа да го изгасат пожарот. Нема загинати во пожарот. Причината за пожарот се истражува, додека низ градот владеат немири по погребот на Фреди Греј, 25-годишниот Афроамериканец кој почина во полициски притвор. Кевин Харис, портпарол на градоначалникот...

Ограбена црквата „Св. Мина“ во тетовско Волковија

Вчера било пријавено дека во неутврдено време, во село Волковија, Тетовско, во црковниот храм „Св. Мина“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од пултот за свеќи одзел околу 1.000 денари и околу пет литри зејтин, а потоа го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На Велигден ограбил црква

Крадец украл 10.000 денари од црквата „Св. Никола“ во село Тркање, Кочанско, информираат од МВР. „Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Никола“, лоцирана во село Тркање, така што со употреба на соодветен алат ја обил бравата на влезната врата, насилно ја отворил, влегол внатре каде извршил претурање и од иконостасот одзел две метални каси во кои имало метални пари, по што го...

За неколку дена ограбени три цркви

Црквата „Свети Спас“ во скопското село Добри Дол е ограбена од непознат сторител, кој одзел околу 5.200 денари. Кражбата е извршена во периодот од 15 до 21 март така што крадецот го скршил катанецот и влегол во црквата. МВР соопшти дека е ограбена и црквата „Св. Преображение“ во месноста Теферич, од каде се одземени околу 500 денари. Разбојникот влегол насилно преку влезната...

Полициска патрола спречила кражба на 21 икона од црква во Дебар

Патрола на дебарската полиција утрово спречила кражба на икони од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во градот, која се обиделе да ја извршат три засега непознати лица. Како што иформираат од полицијата, патрола на полициската станица во Дебар, утрово, околу 3 часот, на улицата Павле Џиковски забележала три лица како во автомобил, марка „голф“ со дебарски таблички, товараат предмети. Тројцата,...

Ограбена црквата „Свети Димитрија“ во струшко Октиси

Четири кандила украл засега непознат сторител од црквата „Св. Димитрија“ во струшкото село Октиси, соопшти СВР од Охрид. Кражбата била извршена во периодот од декември минатата до март оваа година, по претходно насилно кршење на цилиндарот од главната влезна врата на црквата од северната страна. Сторителот употребил тврд предмет, со кој насилно ја оштетил металната заштитна решетка од влезната црковна врата. Откако...

Ограбена црква во Пробиштип

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип, завчера непознат сторител извршил тешка кражба така што со употреба на физичка сила и со соодветен алат насилно ја отворил влезната врата на црквата, влегол внатре, одзел околу 20.000 денари и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Нема дозвола за обновата на конаците кај црквата „Света Богородица Захумска“

Возобновата на конаците кај црквата „Света Богородица Захумска“ на брегот на Охридско Езеро, во месноста Заум, кај Љубаништа, се изведува без дозвола за градба, потврди во изјава за „Супер радио“, директорката на Заводот за заштита на спомениците и Музеј од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска. Бунташеска вели дека на местото каде што се гради новиот манастирски конак и порано постоел таков објект, заради...

Конаците на црквата „Св. Богородица Заумска“ ги ставија партиитево клинч

Црквата „Св. Богородица Заумска“, на источниот брег од Охридско Езеро, во близина на селото Трпејца, наскоро ќе добие конаци. Изградбата е веќе во поодмината фаза, меѓутоа откако беше ставен покривот, се јавија различни мислења. Црквата вели дека не гради ништо ново и на туѓ посед, локалната самоуправа не знаела дали за градбата се добиени сите потребни дозволи и отпосле...

Украдени 6.000 денари од црква во Штип

Ноќта меѓу саботата и неделата, непознат сторител провалил во црквата „Свети Климент“ во Штип и украл околу 6.000 денари, информираат од полицијата. Како што појаснуваат оттаму, крадецот влегол во црквата преку прозорец, што насилно го отворил, ги зел парите од касите поставени во објектот и побегнал од местото. Полицијата засега нема осомничено лице за кражбата и работи на негово откривање.

Ограбена црквата „Св. Тројца“ за 200 денари

Непознат сторител, во периодот од 9 до 29 јануари, во скопското село Чојлија, ја ограбил црквата „Св. Тројца“. Како што јавуваат од МВР, крадецот со употреба на погоден предмет, извршил упад во црквата, од каде одзел метални монети во вредност од околу 200 денари. Полицијата трага по сторителот.

Дебранец од Папрадник узурпирал црковен имот

Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Н.Ш. (57) од Голем Папрадник - Центар Жупа, директор на Агенцијата за радијациона сигурност од Скопје, кој е осомничен за узурпација на недвижности. - Пријавениот во текот на 2008 година, узурпирал 67 квадратни метри недвижност (имот) од катастарска парцела бр.1054 за КО Голем Папрадник - Центар Жупа, сопственост на црквата „Св.Петка“ - МПЦ-ОА - соопшти...

Г.г. Стефан: Толеранција и разум да преовлада кај луѓето

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, на архиерјаската богослужба утрово во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје, порача разум и поголема толеранција да преовладува кај луѓето. - Тоа што денеска сакам да истакнам и да размислувам е тоа до каде го водела и до каде го доведува човештвото, народите воопшто, присутната со векови нетолерација на едни со други. Непочитувањето на разликата на...

ВМРО-НП: Вистинските верници се збунети од напливот на античко-пагански прослави

ВМРО-Народна партија реагира на различните антиканонски начини на прославувањето на Бадник и на еден од најголемите христијански празници, Рождеството Христово - Божик. Вистинските верници, години наназад се збунети од напливот на античко-пагански прослави кои немаат никаква допирна точка со канонските одредби од Светиот архиерејски синод на МПЦ-АО, се вели во реакцијата на партијата. „Вековното традиционално чествување на овој свет ден,...

Руската црква нуди посредништво во спорот меѓу МПЦ и СПЦ

Вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион Алфеев, изјавил дека Москва сака да посредува помеѓу Белград и Скопје околу црковниот спор, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на Верската информативна агенција (ВИА). „Руската православна црква не може еднострано да ја признае Македонската православна црква(МПЦ). Тоа треба да се направи на основа на сеправославно решение, а ние сме подготвени да бидеме...

Турција првпат по 1923 година дозволи да се гради црква

Владата на Турција дозволи изградба на црква во Истанбул за сириското малцинство. Ова е првпат од основањето на Република Турција во 1923 година, турската влада да дозволи изградба на црква. Христијаните се големо малцинство и живеат претежно во западниот дел на Турција, која, според уставот, е секуларна земја со 99 отсто муслимани. Противниците на владејачката Партија на правдата и развојот...

„Линк медиа плус“, фирма за златни лопати, тендери и за лампиони

Новогодишно украсување улици, наводнување жардиниери, изработка на репрезентативен новогодишен материјал, изработка на контролни маркици - етикети,  набавка на спортска опрема и на спортски маици, хортикултурно уредување, ова се само дел од тендерите што фирмата „Линк медиа плус“ ги добивала од скопските општини, Градот Скопје и од министерствата. Против сопственикот на оваа фирма, Ѓорѓи Вуков, во 2008 година Финансиска полиција поднесе кривична пријава за затајување...

Изгоре црква во Богданци

Денеска претпладне избувнал пожар во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Богданци, пренесува телевизијата „24 Вести“. Огнот избувнал во внатрешноста на црквата и за кратко време се проширил на покривната конструкција. Свештениците и месното население кое дошло на помош успеале да ги спасат сите икони од црквата, но не и останатиот инвентар, кој изгорел. Во гасењето на пожарот учестувала екипа на гевгелиската противпожарна...

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...