понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: црква | 92 резултати

Изгоре црква во Богданци

декември 26, 2014

Денеска претпладне избувнал пожар во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Богданци, пренесува телевизијата „24 Вести“. Огнот избувнал во внатрешноста на црквата и за кратко време се проширил на покривната конструкција. Свештениците и месното население кое дошло на помош успеале да ги спасат сите икони од црквата, но не и останатиот инвентар, кој изгорел. Во гасењето […]

Донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“

декември 9, 2014

Во хотелот „Александар палас“, денеска ќе се одржи донаторската конференција за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“, во организација на Македонската православна црква-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“. Темелите на црквата беа осветени пред две години на нова локација на улицата Македонија во центарот на Скопје. Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот […]

Ќе се гради црква посветена на Василиј Велики, Григориј Богослов и на Јован Златоуст во скопски Мичурин

декември 4, 2014

До Меѓуградската автобуска станица во Скопје, во населбата Мичурин, денеска почна изградбата на нов храм посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Храмот е ивестиција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Камен-темелникот го освети поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Ограбена црква во тетовско Волковија

декември 4, 2014

Непознат сторител провалил во црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Волковија и украл околу 2.000 денари, соопшти полицијата. Кражбата се случила во периодот меѓу 24 ноември и 3 декември, а вкупната материјална штета била проценета на околу 14.000 денари. Крадецот во црквата влегол откако насилно ја отворил влезната врата. Полицијата презема мерки за откривање на […]

МПЦ на аукција продаде лопати од поставување на камен-темелник

ноември 22, 2014

Трите лопати со кои денеска претпладне беше поставен камен-темелникот за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“, во населбата Ченто, беа продадени за речиси 10.000 евра, на аукција што се одржа веднаш по завршувањето на церемонијата, а која ја водеше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Златната лопата, за сума од 5.000 евра, ја купи ктиторот на […]

ВМРО-НП: МПЦ и провладините медиуми молчат за пораката на г.г. Кирил во Србија

ноември 19, 2014

ВМРО – Народна партија изразува длабоко жалење од целосниот медиумски мрак на провладините медиуми за посетата на московскиот и патријархот на цела Русија, г.г. Кирил на Србија, премолчувајќи ги кристално чистите и јасни негови пораки за статусот на МПЦ, се вели во реакцијата од партијата. „Имено, рускиот патријарх на средбата со српскиот патријарх, недвосмислено порача […]

Хрватска повеќе одвојува средства за црквата отколку за сиромашните

ноември 14, 2014

Католичката црква во последните 10 години од државниот буџет на Хрватска добила 782 милиони евра, пишува хрватскиот весник „Јутарни лист“. Податокот првпат е достапен за јавноста откако Владата на оваа земја одговори на пратеничко прашање на претседателката на лабуристите, Нанси Тирели. Таа уште во август упати прашање до Владата за тоа колку пари се уплатени од буџетот […]

Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

ноември 5, 2014

Ќе се собираат пари за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово, одлучи синоќа Иницијативниот одбор. Како што информираат оттаму, сметка за донација е отворена во Комерцијална банка. Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски, како и Фондацијата „Д-р. Михаил Левенски“. Одборот упати апел до сите жители и иселени […]

Страна 5 од 5