Денеска претпладне избувнал пожар во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Богданци, пренесува телевизијата „24 Вести“.

Огнот избувнал во внатрешноста на црквата и за кратко време се проширил на покривната конструкција.

Свештениците и месното население кое дошло на помош успеале да ги спасат сите икони од црквата, но не и останатиот инвентар, кој изгорел.

Во гасењето на пожарот учестувала екипа на гевгелиската противпожарна бригада, а покрај месното население, помогнале и учениците од гиманзијата што се наоѓа во близина.

Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати.