Ноќта меѓу неделата и понеделникот, непознат сторител украл четири икони од црквата „Света Недела“ во селото Катланово, информира полицијата.
Според полицијата, станува збор за тешка кражба и се преземаат мерки за расчистување на случајот и за откривање на сторителот.