fbpx

Полициска патрола спречила кражба на 21 икона од црква во Дебар

-

Патрола на дебарската полиција утрово спречила кражба на икони од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во градот, која се обиделе да ја извршат три засега непознати лица.

Како што иформираат од полицијата, патрола на полициската станица во Дебар, утрово, околу 3 часот, на улицата Павле Џиковски забележала три лица како во автомобил, марка „голф“ со дебарски таблички, товараат предмети. Тројцата, откако ги забележале полицајците, веднаш побегнале кон боровата шума над населбата Варош, оставајќи го возилото. Во него полицајците пронашле 10 икони, а при прегледот на теренот во близина на црквата, нашле уште 11 икони.

При увидот било утврдено дека крадците, со дрвена скала, преку ѕид, влегле во дворното место на црквата, а потоа со истата скала, преку прозор, влегле во објектот и ги зеле иконите.

Засега нема информации дали иконите кои биле изнесени од црквата се дел од националното културно-историско богатство.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на крадците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...