fbpx
Таг: терористи

таг: терористи

Италија: Уапсени 17 терористи

Италијанската полиција денеска соопшти дека 17 лица се уапсени во различни европски држави во рамки на заедничката операција против осомничените терористички групи. Во соопштението не се наведуваат повеќе детели за операцијата. Во текстот се додава дека уапсените се осомничени за меѓународен тероризам. Полицискиот портпарол одби да каже колку апсења се извршени во Италија, но додаде дека меѓу уапсените нема Италијанци.

Нигерија објави фотографии на најбараните терористи од Боко харам

Фотографии на 100 најбарани припадници на исламистичката група Боко харам, објави денеска нигериската армија, која во изминатите неколку месеци ги интензивира своите напори за уништување на терористичката организација. Армијата, со фотографиите, упатила и барање до граѓаните да се јават на специјално отворените телефонски линии доколку забележат некои од осомничените милитанти, пренесува „Би-Би-Си“. Нигерискиот претседател, Михамаду Бухари, кој стапи на должност во мај...

Нова акција на МВР: Се вршеа претреси и се бараа лица поврзани со групата од Диво Насеље

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово спровеле акција за пронаоѓање лица поврзани со терористичката група од Диво Насеље, во рамките на која биле извршени претреси на повеќе локации во Скопско и во Кумановско. Од МВР за „Мета“ ја потврдуваат акцијата и велат дека таа била спроведена по наредба на судија на претходна постапка за лоцирање лица кои се...

Лавров: Америка греши што не сака да биде со нас против терористите

Русија е подготвена да понуди поддршка во вид на воздушни напади, за да им помогне на сириските опозициски сили, како што е Слободната сириска армија која се бори против Исламската држава, изјави министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров. Највискиот руски дипломат, исто така, истакна дека Вашингтон прави голема грешка со тоа што одбива да ги координира своите напади со антитерористичката...

Обвинителството бара притвор за седуммина уапсени во денешната полициска акција

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повело истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановско Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство. Во писменото соопштение од обвинителство не е наведено дали станува збор за уапсените во денешната акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), но најверојатно се работи за истите...

Рохани: Иранската војска е најдобрата сила за справување со терористите во регионот

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека војската на неговата земја е „најдобрата сила во борбата против терористите во регионот“. Рохани, за време на воената парада во земјата, рече дека војската е подготвена да им помогне на Ирак и на Сирија во борбата против милитантите на Исламска држава, додавајќи дека Техеран нема никакви воени претензии кон овие земји. - Терористите се шират во...

Косово: Ни се закануваат три потенцијални терористички групации

Владата на Косово во стратегијата за предупредување од насилен тероризам, наведува дека идентификувала три терористички групации, пишува весникот „Коха диторе“. Во документот што овој весник го има на увид, а владата на Косово го усвоила неделава, со страв се гледа на враќањето на државјаните на Косово, кои се бореле во Сирија и во Ирак. - Како што се гледа од многубројните примери...

Де Крешов: Мала е веројатноста меѓу бегалците да има терористи

Бегалската криза што ја потресе Европа е доволно голем предизвик сама по себе и не треба да се меша со тероризмот, смета координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил де Кершов. Де Кершов во интервју за „Еуроактив Чешка“ рече дека би било голема грешка да се мешаат двата големи предизвика на ЕУ – мигрантската криза и тероризмот, имајќи предвид...

Најмалку 12 припадници на турската полиција загинаа во бомбашки напад

Најмалку 12 полицајци од турската полиција загинаа во бомбашки напад на минибус во источниот дел на земјата, во провинцијата Игдир, јавуваат турските медиуми, повикувајќи се на информации од локалните власти. Нападот, за кој се претпоставува дека го извеле припадници на Работничката курдска партија (ПКК), изведен е на минибус во кој се наоѓале полицајци кои работат на граничниот премин, кој води...

ИД погуби 112 свои борци

Терористичката група Исламска држава во ирачкиот град Мосул погуби 112 свои борци, јави иранската телевизија „Прес ТВ“. Наводно, членовите на ИД планирале да го соборат лидерот на групата и поради тоа биле погубени. Во близина на затворот во Мосул биле стрелани 112 припадници на ИД, од кои 18 биле команданти. Членовите на ИД планирале да го убијат самопрогласениот гувернер на Мосул,...

Бугарските власти уапсија петмина осомничени терористи на границата со Македонија

Бугарските власти синоќа уапсиле пет лица осомничени за тероризам на граничниот премин Ѓуешево на границата со Македонија, јавуваат бугарските медиуми. Приведените се косовски државјани, возраст меѓу 20 и 25 години, јавува бугарската НОВА ТВ. Бугарските погранични власти потврдија дека петте странци се уапсени при обид да влезат во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), која раководи со истрагата, соопшти дека уапсените...

Во Тунис убиен џихадист

Еден џихадист е убиен, а 16 осомничени терористи се уапсени во акција на безбедносните сили во регионот Бизерте, при што се конфискувани оружје, експлозиви и муниција, соопшти денеска министерството за внатрешни работи на Тунис. Безбедносните сили вчера утрото ја почнале акцијата против терористите во градот Сежнан, кој се наоѓа во регионот Бизерте.

Исламска држава преку социјалните мрежи влијае на Американците

Внатрешното превирање на припадници на Исламска држава претставува поголема закана за САД отколку надворешните напади на Ал каеда, изјави директорот на ФБИ, Џејмс Коми. Тој објасни дека радикалната група ИД поттикнува Американци со проблеми да се свртат кон насилство. Тој вели дека ИД влијаела на значителен број Американци преку кампања на социјалните мрежи, повикувајќи ги муслиманите што не можат да патуваат...

Уапсени тројца осомничени терористи на Косово

Косовската полиција соопшти дека уапсила три лица под сомневање дека се инволвирани во кривично дело, а сервисот на „Радио Слободна Европа“ на српски јазик, повикувајќи се на неименувани полициски извори, јавува дека станува збор за осомничени терористи. Портпаролот на косовската полиција, Баки Келани, изјави дека три лица се уапсени утринава на патот Приштина - Гњилане. - Косовската полиција уапси три лица осомничени...

Тунис бара помош во борбата против џихадистите

На Тунис му е потребна воена и финансиска помош од Западот за да може да се соочи со исламистичкиот тероризам, а во спротивно, Европа ќе се соочи со џихадистите, изјави Мохсен Марзук, советник на претседателот на Тунис, Бежиј Каид Есебиј. Властите во Тунис уапсија 12 лица осомничени за учество во терористичкиот напад што го изврши Сејфедин Резгуи убивајќи 38 туристи, од...

Мароко: Фатени терористи што подготвувале напади врз туристи

Уапсени се седум членови на терористичка ќелија која подготвувала киданпирања и егзекуции на туристи во Мароко, соопшти денеска мароканското министерството за внатрешни работи. „Членовите планирале терористички операции, вклучително и киднапирање и физички ликвидации на туристи кои ги посетуваат летувалиштата во Мароко, како и напади врз лица кои се непријателски расположени кон нивните уверувања“, се наведува во соопштението. Уапсените, кои, како што...

Еден месец по „Куманово“: Факти, контрадикции, шпекулации и неми институции…

Денеска е точно еден месец од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Пред четири недели Македонија доживеа колективен шок од кој сè уште закрепнува, што поради сериозноста на заканата, што поради фактот дека сè уште има многу неодговорени прашања,...

Египет го тргна Хамас од листата на терористички организации

Египетскиот Апелациски суд денеска ја поништи правосилната одлука со која палестинското исламистичко движење Хамас беше класифицирано како терористичка организација. - Оваа одлука беше поништена поради тоа што судот кој ја донел, немал надлежност да одлучува за такви работи – изјави неименуван судски претставник. Судот на 28 февруари пресуди дека Хамас е терористичка организација, а активностите на исламското движење што го контролира појасот Газа,...

Агенција за разузнавање или за задоцнето предупредување?

Пoкажување мускули на медиумите и барање одговорност од нив за објавените или пренесени информации за случувањата во Куманово и за нивната увертира, нападот на караулата Гошинце и некаков обид за самооправдување (миење раце) од последователна одговорност во врска со овие настани, е сижето на коментарите на поранешни припадници на тајните служби за соопштението на Агенцијата за разузнавање. За поранешниот директор...

Телата на убиените терористи од Куманово ќе им бидат предадени на семејствата во Косово

Телата на косовските Албанци што загинаа пред две недели во судирите со полицијата во Куманово, меѓу кои се и телата на двајца од водачите на таа група, Мирсад Ндрецај - командант НАТО и Бег Ризај -командант Бегу, македонские власти ќе ѝ ги предадат на Приштина, пренесуваат српските медиуми. Според информациите, македонското обвинителство дозволило телата да се префрлат во Приштина откако...