Најмалку 12 полицајци од турската полиција загинаа во бомбашки напад на минибус во источниот дел на земјата, во провинцијата Игдир, јавуваат турските медиуми, повикувајќи се на информации од локалните власти.
Нападот, за кој се претпоставува дека го извеле припадници на Работничката курдска партија (ПКК), изведен е на минибус во кој се наоѓале полицајци кои работат на граничниот премин, кој води од истокот на Турција кон Азербејџан.
Во текот на ноќта повеќе од 50 турски воени авиони ги нападнале позициите на борците на ПКК на северот на Ирак, при што загинале најмалку 40 припадници на ПКК.
Во извештајот се наведува дека повеќе од 50 турски воени борбени авиони учествувале во нападот кој траел шест часа, а во кој загинале меѓу 35 и 40 терористи.