fbpx

Ескалираа тензиите меѓу мигрантите и полицијата на Лезбос

-

Ескалираа тензиите меѓу мигрантите и полицијата на грчкиот остров Лезбос, пренесуваат новинските агенции.

Полицајци со палки се судрија со група од 2.500 мигранти, кои се обидуваа да влезат во траектот ангажиран од грчките власти за да ги однесе до главниот град Атина. Полицијата тешко успевала да воведе ред во толпата, која очајно сакала да се качи што е можно побргу.

Некои од мигрантите се стационирани на островот девет дена, пред да можат да го продолжат патот, а некои дури и половина месец.

Во моментов на Лезбос, остров со население од 85.000 луѓе, има меѓу 15.000 и 17.000 бегалци и ситуацијата е на прагот на експлозија, според грчките власти.

Локалното население е, исто така, очајно од ситуацијата. Во неделата двајца локални жители на 17-годишна возраст беа уапсени откако гаѓаа со молотови коктели кон сириските бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...