fbpx

Лазар Лечиќ е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело

-

Лазар Лечиќ е годинешниот добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело.

Другите добитници се алпинистот Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, доајен во карате, кој е одликуван постхумно, Руждија Калач, успешен боксер, тренер и селектор, како и Љупчо Стојчевски, тренер, селектор и меѓународен судија во кик-бокс.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасоски, на доделувањето на високото државно признание во Собранието на Република Македонија, истакна дека на овој голем ден се оддава признание на луѓе кои преку спортот на најдобар можен начин ја промовираат нашата држава на меѓународен план.

Лечиќ изјави дека наградата е  дело на 50-годишна работа во која се вградени и играчите и навивачите.
– Дадов многу за Македонија, но тоа ми се врати – изјави Лечиќ.

Државната награда „8 Септември“ во областа на спортот е воведена пред четири години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...