Писателот Маџунков е добитник на државната награда „11 Октомври“

Aкадемикот и писател Митко Маџунков е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и на уметноста.

За животно дело во областа на науката и на образованието, наградата им се доделува на професор Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, на професор Махмуд Хиса, професор по албански јазик, и на професор Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври, во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.