четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: 8Септември | 9 резултати

Политичарите и граѓаните различно си го честитаа Денот на независноста

8 септември 2015

Положување цвеќе, ветувања за уште подобра иднина, патриотизам и гордост да се биде Македонец. Со вакви зборови беа исполнети честитките на политичарите кои денеска ги упатија кон граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста. Едни зборуваат за тоа како придонеле за подобра иднина на Македонците по 24 години независност, други, пак, за тоа […]

Лазар Лечиќ е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело

8 септември 2015

Лазар Лечиќ е годинешниот добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело. Другите добитници се алпинистот Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, доајен во карате, кој е одликуван постхумно, Руждија Калач, успешен боксер, тренер и селектор, како и Љупчо Стојчевски, тренер, селектор и меѓународен судија во кик-бокс. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасоски, на […]

Вељаноски: Да оставиме да нè оценуваат генерациите што доаѓаат

7 септември 2015

„Референдумот од 8 септември 1991 година е нашата најголема современа победа, а изразената волја на граѓаните претставува заокружување на стремежите, принципите и на сонувањата на генерациите од двата Илиндена. Денес, поради нас самите и евроинтегративните процеси, продолжуваме со реформите“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на свечениот прием во пресрет на празникот 8 Септември, Денот […]

Вељаноски ќе одржи прием по повод Денот на независноста

7 септември 2015

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вечерва, по повод Денот на независноста, ќе приреди свечен прием. На приемот е поканет државниот врв, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и на економскиот живот. Приемот ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието.

Вторник, 8 септември, неработен ден за сите граѓани

3 септември 2015

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември 2015 година (вторник), Денот на независноста, е неработен ден за граѓаните на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.

Страна 1 од 1