fbpx

Мароко: Фатени терористи што подготвувале напади врз туристи

-

Уапсени се седум членови на терористичка ќелија која подготвувала киданпирања и егзекуции на туристи во Мароко, соопшти денеска мароканското министерството за внатрешни работи.

„Членовите планирале терористички операции, вклучително и киднапирање и физички ликвидации на туристи кои ги посетуваат летувалиштата во Мароко, како и напади врз лица кои се непријателски расположени кон нивните уверувања“, се наведува во соопштението.

Уапсените, кои, како што тврди полицијата, се заколнале на верност на џихадистичката група Исламска држава, биле обучувани во терористички камп во планинскиот регион близу Беркане, во источниот дел на Мароко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...