Телата на убиените терористи од Куманово ќе им бидат предадени на семејствата во Косово

Телата на косовските Албанци што загинаа пред две недели во судирите со полицијата во Куманово, меѓу кои се и телата на двајца од водачите на таа група, Мирсад Ндрецај – командант НАТО и Бег Ризај -командант Бегу, македонские власти ќе ѝ ги предадат на Приштина, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, македонското обвинителство дозволило телата да се префрлат во Приштина откако беше извршена обдукцијата. Резултатите од обдукцијата сè уште не се објавени.

Според македонското обвинителство, ќе бидат предадени телата на Џафер Зимерај, Мирсад Ндрецај, Бег Ризај, Валон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриори, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и на Арбен Реџај.