fbpx

Уапсени тројца домашни ИСИС-овци, запленето оружје, муниција и „појаси за самоубијци“ (галерија+видео)

-

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), вчера се уапсени тројца терористи кои се организирале по урнекот на ИСИС и сакале да извршат терористички дела. При претресите биле пронајдени и „појаси за самоубијци“. Уапсените претходно учествувале во терористичките акции на ИСИС и одлежале казна затвор за тероризам, соопштија МВР и ОЈО-ГОКК.

Кривични пријави МВР до ОЈО-ГОКК поднело против Б.А. (28) од Куманово, а кој престојува во Скопје, за кривично дело „терористичка организација“ и за „тероризам“, како и против В. А. (22) и Е. Љ. (25), двајцата од Куманово, и тоа за истите кривични дела.

Б.А., В.А. и Е.Љ. се рецидивисти, односно повратници, кои претходно за „Учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“ се правосилно осудени и издржале казна затвор.

На почетокот на 2019 година, А.Б. создал терористичка организација заедно со В.А., Е.Љ. и уште неколку лица, односно ќелија на ИСИС во Северна Македонија, со намера за вршење терористички дела на нејзината територија.

Тие набавиле поголемо количество оружје, муниција и воена опрема, којишто ги скриле во близина на локалниот пат с. Биљановце/с.Пчиња на м.в „Менкова Колиба“.

При акцијата вчера, извршена по добиени оперативни сознанија пронајдени се: пет автоматски пушки, пушкомитралез, 18 рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми, рамка со 15 куршуми, три дрвени кундаци, дрвен кундак со механизам за испалување, три гранати за рачен фрлач со напис RD 40мм, пет запалки за гранати за рачен фрлач со осигурачи, две маскирни капи, две поткапи црна и сива боја, два пара маскирни ракавици, два тактички елеци, четири тактички елеци со маскирна боја, знаме со испишани арапски букви (ИСИС), марама со испишани арапски букви.

Пријавените се приведени вчера при претресите во домовите и други простори. Три претреси се извршени во Куманово и еден во Скопје, а притоа се пронајдени и два појаси рачно изработени исполнети со прашкаста материја (експлозив), односно појаси за бомбаши-самоубијци, метални лагери монтирани на картонска подлога и две запалки од рачна бомба за активирање на појасите, две направи со жици од разна дебелина, две радиостаници, осигурувачач за експлозивна направа, лап-топ компјутер, девет мобилни телефони, пет СИМ картички, електронски уред со објектив, две USB-а, футрола за пиштол, маскирна облека, два ножа, две футроли за ножеви, автомобил Ауди А-3 и друго.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...